Мравките го наоѓаат својот пат дури и кога се движат наназад

СПОДЕЛИ

Меѓународен тим кој вклучува истражувачи од Универзитетот во Единбург и Антон Вистрах од Истражувачкиот центар за когниција кај животните, покажува дека мравките можат да си ги најдат своите лежишта без разлика на ориентацијата на нивното тело.

Нивните мозоци може да се многу мали, но тие се одлични навигатори кои користат небесни и копнени знаци за да го запаметат својот пат.

За да го направат тоа, тие користат неколку региони од мозокот истовремено, докажувајќи уште еднаш дека мозокот на животните е многу посложен отколку што се мисли.

Досега, етнолошките истражувања сугерирале дека мравките ја меморираат својата глетка за време на нивната рута како што се проектира на нивната повеќеслојна мрежница, со што користат референтна рамка во центарот на телото или егоцентрично. Со оваа хипотеза, за да ја меморираат околината која ги опкружува и да го следат патот кој го поминале, мравките би требало да ги ориентираат своите тела на истиот начин секој пат. Но, тие понекогаш мораат да одат наназад исто така, и тоа не ги спречува да го најдат патот назад до своето гнездо. Па дали мравките може да го препознаат патот дури и доколку гледаат во спротивната насока? Дали тие можат да создадат визуелен модел на нивната животна средина што не е зависен од ориентацијата на нивните тела?

За да одговорат на овие прашања истражувачите ги испитувале мравките од видот „Cataglyphis velox“ познати по својата способност за самостојна навигација. Најпрво тие им дозволиле на мравките да ја запознаат територијата што вклучувала завртување од 90 степени. По еден ден на тренирање, мравките кои добиле трошка колаче доволно лесна за да ја носат со одење нанапред, ја поминале кривината без никаков проблем. Меѓутоа, оние на кои им била дадена голема трошка на колаче, морале да се движат свртени наназад и за разлика од другите, го задржале правецот на своето носење, наместо да завртат.

Тие исто така манифестирале неочекувано однесување: Откако оделе малку наназад, повремено ќе ја пуштеле торшката, ќе се свртеле и ќе ја наблудувале околината со телата свртени во вистинската насока, потоа ќе се врателе на својата трошка и ќе продолжеле да ја носат наназад, но овој пат, во вистинската насока.

2432

За овие мравки се чини дека е потребно усогласување на телото за препознавање на околината воочена од нивните мрежници, но тие можат да го запаметат тоа и да го следат свртени наназад. Ова однесување, исто така покажува дека тие може да се сетат и на локацијата на нивната трошка и да се вратат по неа, за да го продолжат својот пат.

Овие набљудувања покажуваат дека најмалку 3 вида на меморија работат во согласност: визуелната меморија на патот, меморијата за нов правец на следење и меморијата на трошката.

Преку еден експеримент со помош на огледало за да се рефлектира светлината од Сонцето, тимот демонстрирал дека мравките користат небесни знаци за да го одржат својот правец кога одат наназад. Исто така, тие биле во можност да се движат по права патека, без разлика дали

одат нанапред, наназад или странично. Откако ќе се запамети патот, тие се држат до него без разлика на тоа како се ориентирани нивните тела. Сите овие набљудувања покажуваат дека мравките го регистрираат правецот со користење на надворешна референтна рамка.

Овие нови наоди покажуваат дека просторната ориентација на мравките се потпира на повеќементални репрезентации и сеќавања поврзани преку проток на информации меѓу неколку области во мозокот. Ова нуди целосно нова перспектива на светот на инсектите, што е многу посложена отколку што претходно се мислеше.

Наодите од истражувачите се објавени во „Current Biology“ на 19 јануари 2017.

Дискусија

Коментари