Мравките прават сопствени моќни антибиотици со мешање на различни супстанци

Многу суштества досега се откриени како сами се лекуваат, почнувајќи од мечките кои користат паста од корен за да ги одвратат инсектите, па се до шимпанзата кои јадат листови за редуцирање на паразити. Но, новата студија сега открива дека некои мравки го користат ова на едно ново ниво – тие прават сопствени антибиотици со мешање на две различни супстанци, и тоа ги прави единствените живи суштества кои го прават тоа после човекот.

Научниците истражувале како мравките ги држат своите гнезда настрана од болести, при што користат смола и мравја киселина за производство на антибактериски коктел, кој потоа се користи за лекување на нивниот подмладок.

Мравките (Formica paralugubris) веќе добро се познати по собирање на големи количини на смола од зимзелените дрвја и нејзиното складирање под нивните гнезда, како што на некој сличен начин прават и пчелите. Смолата е богата со секундарни метаболити кои имаат антибактериски својства, но тоа навидум не е доволно за овие социјални инсекти.

Како надополнување на смолата, мравките произведуваат мравја киселина, која вообичаено се користи како спреј за заштита од потенцијални предатори. Оваа хемикалија, научниците одлучиле да ја истражат, а поточно да дознаат при мешање на двете супстанци може да се создаде антибиотик кој е подобар од збирот на неговите компоненти.

Тие тестирале свежа смола која била изложена на мравки за неколку недели, за да се открие нивната способност да се одбранат од габата Metarhizium brunneum, за која е познато дека пренесува инфекција на мравките, а тие подоцна ја шират заразата на своите потомци. Поминатите неколку недели резултирале со важна интеракција помеѓу мравки и смола, чиј производ е отров кој самите го произведуваат.

Откритието дека мравките кои живеаат во дрвја произведуваат сопствен антибиотик, е еден од најкомплексните примери на зоофармакологијата откриена досега и е наречен одбрамбена тинктура.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.