Музиката ги модулира гените

Сепак, како музиката  елува на молекуларно ниво се’ уште не е доволно познато.

Група научници од Универзитетот во Хелсинки, Финска, испитувале како слушањето на класична музика влијае на експресијата на гените кај две групи учесници, со и без музичко познавање. Сите учесници го слушале концертот за виолина бр.3 од В.А.Моцарт, кој трае 20 минути.

Наодите покажале дека слушањето на класична музика ја зголемува активноста на гените што се одговорни за излачувањето и транспортот на допаминневотрансмисијата во синапсите, учењето и меморијата. Спротивно на ова, слушањето  музика ја „намалува“ активноста на гените што се одговорни за невродегенерацијата. Исто така, истражувањето покажало и подобра регулација на генот- синуклеин-алфа (SNCA) познат како „ризик ген“ за Паркинсонова болест. Овој ген исто така е одговорен за тоа како птиците – песнопојки ги учат песните.

„Ваквите ефекти се забележани само кај луѓето со музичко познавање, што ја нагласува улогата што познавањето на музиката ја има во процесите што се поттикнати од музика“ – истакнуваат истражувачите.

„Регулирањето на повеќе гени за кои е познато дека се одговорни за учењето на песните и пеењето кај птиците-песнопојки, укажува на заедничка еволутивна основа за перцепцијата на звукот помеѓу човекот и птиците што пеат“ – велат истражувачите.

Со подобро разбирање како слушањето на музиката влијае на мозокот на молекуларно ниво, може потенцијално да се подобри терапијата со музика, која се применува за третман на лицата кои страдаат од дегенеративни заболувања.

Поддржете ја нашата работа: