На колку парчиња пука балонот?

Кога ќе дупнете еден умерено надуван балон со помош на игла, тој ќе се распука на два големи фрагмента. Но, ако го дувате балонот сѐ додека не пукне спонтано, ќе добиете многу парчиња.

Себастијан Мулине и Моктар Ада- Бедиа од Лабораторијата за физика при Универзитетот Париз Дидро во Франција го објаснија овој феномен. Кога една пукнатина на површината на балонот ќе достигне критична брзина, таа станува нестабилна и се шири во нови пукнатини. Тоа е механизам на размножување на пукнатините што предизвикува балонот да се распука на парчиња. Нивната работа, објавена во „Physical Review Letters“ продонесува за подобро објаснување на процесот на фрагментација кај материјалите кои се подложни на надворешни влијанија и експлозии.

Погледнете како изгледа тој процес во забавена снимка:

Поддржете ја нашата работа: