На повидок нов ефикасен третман за Алцхајмер

Австралиските научници оствариле ветувачки напредок во идното лекување на Алцхајмеровата болест, бидејќи откриле дака ултразвукот може ефектно и безбедно да  дистрибуира лекови до ошетениот мозок.

Истражувачите од Интитутот за мозок во Квинсленд, откриле неинвазивна техника која ја пробива крвно-мозочната бариера и го доставува терапевтското антитело до мозокот. Според студијата што е објавена во списанието „Brain“, ова довело да  успорување на прогресијата на болеста кај глувци.

Со тоа е надмината една од најголемите пречки во третирањето на Алцхајервата болест, а тоа е што повеќето лекови што се кристат за  нејзино лекување не стигаат до мозокот.

„Ултразвукот безбедно создава сосем мал отвор во крвно-мозочната бариера и за многу кратко време овозможува антителото да продре до мозокот и што е најважно, директно до нервните клетки во кои оштетувањето и се случува“вели професорот Јирген Гец, водачот на истражувањето.

Со помош на оваа техника со ултразвук истражувачите доставиле антитело што специфично се врзува за протеинот наречен тау-кој се поврзува со прогресијата на Алцхајмеровата болест.

Алцхајмеровата болест е најчест вид на деменција и се очекува само во Австралија бројот на заболени да достигне  до  900.000 до 20150 година.

Нучниците се надеваат дека оваа техника ќе може да се користи за ефикасно третрање и на други боести, како што е Паркинсоновата болест и болеста на моторните неврони.

Поддржете ја нашата работа: