6 од 12 мајмуни на кои беше тестирана вакцината не само што му се спротивставиле на вирусот, туку и произведувале антитела против него.
„И покрај големиот напредок во третманите на ХИВ, тој останува една од најголемите закани за глобалното здравје на нашето време, со милиони заразени секоја година”, вели д-р Пол Стофелс, главен научник и претседател на Одделот за лекови на„Џонсон & Џонсон“. Kрајната цел е да се развие вакцина која ќе ја спречи појавата на ХИВ.
„Производството на вакцина против ХИВ е толку тешко, затоа што вирусот ги убива Т-клетките на имунолошкиот систем, кои би требало да се борат против инвазијата на патогени, и поради тоа активира голем број на механизми за напад на имунолошкиот систем. Вирусот исто така може да мутира неверојатно брзо, што го прави тежок за имуните клетки да го идентификуваат. Развива протеини во телото што го маскираат од имунолошкиот одговор. Вакцината во моментов се тестира за тоа дали може да се справи со сите овие фактори.
Во истражувањето, истражувачите користеле двостран пристап. Тие за првпат на 12 резус мајмуни им дале инјекција со модифицирана верзија на настинка, наречена „аденовирус 26“, којa требала да го подготви нивниот имунолошки систем. Исто така, содржела генетски делови од мајмунска верзија на ХИВ, позната како мајмунски вирус на имунодефициенција (СИВ). Откако оваа инјекција иницирала имун одговор, на мајмуните им била дадена уште една инјекција со протеини од вирус кои обично помагаат да се сокрие вирусот. Заедно, инјекциите помагале за поттикнување на имунолошкиот систем, идентификување и борба против големи дози на вирусот во 6 од 12-те мајмуни. Некои, исто така, започнале со производство на антитела кон вирусот. Дополнително, кога истражувачите ја тестирале вакцината со комбинирана форма на СИВ и ХИВ, познат како СХИВ, 40% од мајмуните станале заштитени.
СИВ не е идентичен со ХИВ, но сепак, тие се доволно слични за да се развие вакцина, вели водечкиот автор д-р Ден Бароух од Институтот Рагон на Харвард, МИТ и Општата болница во Масачусетс. Дека наодите се доволо релевантни и ветувачки, говори фактот дека „Џонсон & Џонсон“ го започна уписот на 400 доброволци за фаза 1 од клиничките испитувања.
Резултатите се импресивни. Дури и заштита на половина од луѓето кои се изложени на вирусот ќе биде огромен успех. Евентуално, се очекува крај на епидемијата, во комбинација со други мерки, истакнуваат истражувачите.