Набљудување и мерење на океаните од вселената

Секоја година, океаните апсорбираат повеќе од една четвртина од емисијата на CO2, со што се зголемува киселоста на водата, а со тоа се отежнува животот на морските животни. Зголемената емисија на CO2 има потенција да уништи некои од морските екосистеми, па затоа е потребно внимателно следење на промените на киселоста на водата.

Истражувачите од Универзитетот во Ексетер, Морската лабораторија во Плимот, Францускиот институт за истражување на морето, Европската вселенска агенција и тим на меѓународни соработници, развиваат нови техники кои ќе им овозможат да ја следат киселоста на океаните од вселената.

Новите техники, објавени во „Environmental Science and Technology“, вклучуваат сателити, кои користат термални камери за мерење на температурата на океаните, како и микробранови сензори за мерење на соленоста на водите. Комбинацијата на овие податоци, на научниците ќе им овозможи полесно набљудување и идентификување на многу поголеми области кои имаат најголем ризик за зголемување на киселоста, вклучувајќи ги и далечните и често опасни води, како што е Арктикот.

Неколку сателити можат да се искористат за оваа задача, вклучувајќи го сензорот за влажност на почвата и соленост на океаните (SMOS) на Европската вселенска агенција, кој бил лансиран во вселената во 2009 година, како и сателитот „Aquarius“ на НАСА лансиран во 2011 година.

Развојот на технологијата и важноста на следењето на киселоста на океаните, најверојатно ќе резултираат со развој на понатамошни сателитски сензори во следните години.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

 

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt