Начин на исхрана при инсулинска резистенција

Таквото прилагодување на начинот на исхрана може да помогне за оптимизирање на метаболната контрола и спречување на компликации од дијабетес тип 2.

И претходните истражувања на истите автори покажаа дека високо енергетски појадок со ниско енергетска вечера (Б исхрана) го намалува нивото на глукоза во крвта по оброкот (постпрандијалната гликемија) кај гојазни поединци без дијабет, во споредба со обратниот редослед (Д исхрана).

Во оваа нова рандомизирана студија се вклучени 18 лица (осум мажи, 10 жени), со дијабетес тип 2, со траење помалку од 10 години, на возраст 30-70 години, и индекс на телесна маса (БМИ) 22-35 кг / м2. Третирани се со метформин и/или диететски совети (осум пациенти само со диета и 10 со диета и метформин). Пациентите биле рандомизирани на Б или Д исхрана, секојдневно во текот на 1 недела. Б исхраната содржи 2946 килоџули (kJ) појадок, 2523 kJ ручек и 858kj вечера. Исхраната Д  ја има истата вкупна енергија, но со поинаков распоред : 858 kJ појадок, 2523 kJ ручек и 2946 kJ вечера. Двата поголеми оброка вклучуваат млеко, туна, гранули, пржени јајца, јогурт и житни култури, додека помалиот вклучува мисиркино месо, моцарела, зелена салата и кафе.

Појадокот се сервирал во 08:00, ручекот во 13:00 и вечерата во 19:00 часот. Пациентите се придржувале кон исхраната во домашни услови, 6 дена пред денот определен за земање мостри. На 7-миот, ден секоја група ги  консумирала доделените оброци во клиниката. Примероци од крв биле собрани пред појадокот (0 мин) и на 15, 30, 60, 90, 120, 150 и 180 минути по оброкот.  Процедурата е повторена по ручекот и вечерата. Кај секој пациент биле мерени нивоата на глукоза после оброкот, како и нивото на инсулин, c-пептид (компонента на инсулин) и пептид 1 хормонот (GLP-1 и, исто така, познат како инкретин, индикатор за глукоза  кој го стимулира ослободувањето на инсулин). Две недели подоцна, пациентите  преминале на другиот план на исхрана и тестовите се повторувале.

Резултатите покажале дека нивото на глукоза после оброкот биле 20% пониски, а нивоата на инсулин, C-пептид и GLP-1 20% повисоки во кај пациентите со Б исхрана во споредба со исхрана Д.

Наодите сугерираат дека промената на времето за оброк влијае на вкупниот дневен ритам на инсулин и инкретин по оброкот и резултира со значително намалување на дневните нивоа на глукоза по оброкот.

Механизмот за подобра толеранција на глукоза после високо енергетски појадок делумно е резултат на временската регулатива која предизвикува поголем одговор на бета клетките и секреција на инсулин во утринските часови, а и пониска стапка на дефект на инсулин од страна на црниот дроб и на зголемување на инсулин.  Освен за постигнување на метаболна контрола кај дијабетичарите, исхраната со високо енергетски појадок има превентивен потенцијал за кардиоваскуларни и други компликации.

Поддржете ја нашата работа: