Кои се елементите на Тјуринговиот тест?
Тјуринговиот тест е еден мисловен експеримент кој сугерира дека ако некој не може да ја пронајде разликата помеѓу човекот и компјутерот кога комуницира со нив користејќи само текстуални пораки, или нешто слично, тогаш тој разговор мора да биде „интелигентен“. Кога Алан Тјуринг го напиша својат плодотворен труд на темата во 1950 година, тој не предлагал дека тестот всушност треба да се користи. Тој се обидувал да ги убеди луѓето дека е можно компјутерите да имаат човечки способности, но имаше потешкотии при дефинирањето на интелигенцијата.
Зошто мислите дека тестот треба да биде надграден?
Досега, тестот е победен најмалку три пати од страна на „chatbots“, кои речиси секој истражувач на вештачката интелигенција ќе ви каже дека не се многу интелигентни.
Во 2001, тестот наречен „Lovelace“ се обиде да ги реши овие недостатоци, нели?
Да. Тој тест, именуван по математичарката од 19 век, Ада Лавлејс, се базира на идејата дека ако сакаме да создадеме вештачка интелигенција идентична на човековата, не смееме да заборавиме дека луѓето креираат, а тоа бара интелигенција. Значи креативноста стана замена за интелигенција. Истражувачите кои го развија тестот предложија да се побара од вештачката интелигенција да создаде нешто – приказна или песна. Тестот ќе биде поминат само ако програмерот не може да објасни како вештачката интелигенција дошла до одговорот. Проблемот е во тоа што, јас не сум сигурен дека тестот всушност има поента ,бидејќи е малку веројатно дека програмерот нема да сфати како вештачката интелигенција дошла до одговорот.
По што се разликува вашиот „Lovelace 2.0“ тест?
Во мојот тест, имаме човечки судија кој седи пред компјутерот. Тие знаат дека се во интеракција со ВИ и задаваат задача со две компоненти. Прво, бараат креативен артефакт како што е приказна, песна или слика. И второ, обезбедуваат критериум. На пример: „Кажи ми приказна за една мачка која го спасува денот”; или „Нацртај ми слика од човек кој држи пингвин.”
Дали артефактите треба да бидат естетски префинети?
Не мора. Не сакав да се помешаат интелигенцијата со вештината: просечен човек може да црта, но не е Пикасо. Затоа нашите вештачко интелигентни уреди не треба да се супер-интелигентни.
Што се случува откако ВИ ќе го претстави артефактот?
Ако судијата е задоволен со резултатите, следи уште едно, потешко барање. Ова продолжува се додека ВИ не потфрли на одредена задача или пак додека судијата не процени дека е покажана доволна интелигенција. Ова повеќе етапно тестирање дава скор, наместо категории поминал-паднал. Тоа го прави погоден за тестирање на најразлични вештачки интелигенции.
Значи твојот тест е повеќе од алатка за споредување на ВИ?
Токму така. Јас мразам да правам дефинитивно предвидување на она што ќе биде потребно за вештачката интелигенција да биде идентична на човековата. Опасно е да се каже нешто такво.
Интервјуто е објавено во списанието „New Scientist“, издание 15 декември 2014 г.