Најбрзата камера на светот

Тимот од 12 истражувачи од  Универзитетот во Токио и Универзитетот во Кеио ја нарекоа оваа техника „Sequentially Timed All Mapping Photography“ (STAMP). Тоа е најбрзата камера во светот и може да се користи  во медицински цели, како и во индустриското производство.

Ако снимате бура со камера што снима 6500 слики во секунда, можете  да ја „успорите” молњата и да гледате како се „влече” низ облаците. Со новата камера  со 4,4 трилиони слики во секунда може да се долови хемиската реакција што се случува, со една шестина од брзината на светлината.

Моментално најбрзата електронска камера може да слика последователно во еден-милијардити дел од секунда. Новата STAMP оптичка камера овозможува сликање во нешто помалку од еден-трилионити дел во секунда, што е за 1000 пати побрзо.

STAMP камерата  може да снима супер-забавено, со фотографии од 450X450 пиксели резолуција, доволнао за на нучниците да им овозможи увид во работите кои што претходно не беа видливи.

Големината на STAMP камерата е еден квадратен метар, но истражувачите се надеваат дека за неколку години ќе успеат да ја направат помала. Оваа камера со сигурност ќе внесе нова перспектива во процесите што претходно беа невидливи, како на пр. ласерските обработки или ултразвучната терапија.

Камерата би можела да се пушти во употреба во 2016 година.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt