Најголемиот број од активностите на интернет не ги прават луѓе

Кога се работи за интернетот, обично мислиме дека тука се клучни луѓето и дека речиси сѐ што се одвива тука е под наше влијание кога треба да се поврземе со други луѓе или да дојдеме до некоја информација. Сепак, новото истражување  што го објави  „Axios“, покажува дека работите се сосем поразлични и дека за повеќе од половина од вкупниот интернет промет се заслужни ботовите.

Тоа се разни софтверски апликации кои изведуваат автоматизирани задачи за речиси сѐ што постои на интернет, од оние кои испраќаат пораки на омраза по социјалните мрежи, до оние кои ни помагаат да најдеме подобри информации. Тие се толку распространети во дигиланите медиуми, што дури и најсофистицираните издавачи не можат да ги избегнат. Според ова истражување тие се поделени како добри или лоши.

Добри се тие кои го следат и го подобруваат интернетот, како тие што ги користи „Google“, со цел да ги прошири резултатите од пребарувањата. Тие се заслужни и за тоа што во текот на изминатат година, добрите ботови имале многу поголем раст од  лошите кои останале на исто ниво.

Лоши ботови се главно оние кои се дизајнирани да ги крадат и имитиратат содржините од страниците, со цел некому да му донесет заработка, или да создаваат спамови и да ги рушат страниците. Според истражувањето, овие ботови се толку голема закана, што ги оштетуваат огласувачите  за 7 милијарди долари годишно.

Поддржете ја нашата работа: