Најкреативните земји во светот

Истражувањето е спроведено од Институтот (MPI) при Универзитетот во Торонто, со цел да се одлучи која од 196-те земји на светот е најкреативна.

Рангирањето на технологијата е засновано на нивото на инвестиции во истражувањата и развојот, заедно со бројот на пријави за патент по глава на жител за секоја земја. Талентот е оценуван по процентот на возрасни кои имаат некаква диплома за напреден степен, како и процентот на работната сила во креативната индустрија. Толеранцијата се рангирала по начинот на која земјите ги третирале имигрантите, расните и етничките малцинства, како и ЛГБТ заедницата.

Истражувачите анализирале 139 земји, а многу од земјите со низок економски статус биле изоставени бидејќи не можеле да се добијат соодветните податоци. Целокупната креативност се рангирала според резултатите во сите три категории.

Австралија се покажала како најкреативна, САД на второто место, Нов Зеланд на третото.

 


Истражувањето исто така заклучува дека глобалниот индекс на креативност е тесно поврзан со економскиот и социјалниот развој, што значи дека повисоко рангираните земји имаат повисокот ниво на целокупен развој.

Поддржете ја нашата работа: