Селото Кампунг Пеланг во Индонезија, кое некогаш живеело во сиромаштија, денес е претворено во туристичка атракција. Селото е познато како „селото виножито“ и за само еден месец работа доби сосема нов лик. Промените се направени со цел да се привлечат туристи и да се искористи креативноста на жителите.
„Во иднина, ова промена ќе донесе економски придобивки за нашата заедница и ќе ја зајакне економијата. Проектот ќе биде поддржан од активноста и креативноста на луѓето тука во селото и за нив ќе биде најубаво чувство што живеат тука“. – велат надлежните.
Иако боењето на сите објекти се уште не е завршено, селото секој ден го посетуваат многу туристи од земјата и од странство кои се сликаат до разнобојните куќи.
Селото, пред да биде реновирано изгледало обично и сиромашно, токму како што и жителите го поминувале секојдневието.