Најпосле знаеме од каде доаѓаат екстремно ретките сини дијаманти

Дијамантите претставуваат кристална форма на чист јаглерод и настануваат на огромни темератури и притисок. Сините дијаманти се кристализираат со минерали кои содржат вода и пред многу години биле дел од морското дно, но биле потиснати во големите длабочини на Земјата со придвижувањето на големите тектонски плочи кои ја формираат Земјината површина.

Дијамантите не секогаш се чисти. Всушност во поголемиот дел од случаеви тие содржат и други материи – заробени хемиски соединенија кои ги собрале по патот, а истите им даваат сакана или несакана нијанса. Ако го земеме синиот дијамант за пример, иако е редок, добро е познато дека благодарение на хемискиот елемент бор, ја добива својата препознатлива нијанса.

Како што е објаснето во новата студија, објавена во списанието Nature, од каде доаѓа овој елемент досега беше мистерија. За среќа, со проучување на повеќе сини дијаманти, Геолошкиот институт на Америка (GIA) го дава одговорот.

Хемискиот елемент бор, е тривалентен металоиден елемент кој се среќава во големи количества во рудата боракс. Борот не може да се најде како слободен во природата, но затоа бораксот е природен минерал – сол на борната киселина, кој е бел кристален прав растворлив во вода. Наоѓалиштата на бораксот се во исушените корита на реките и езерата, океанските води и океанското дно каде дијамантот акумулира одреден флуид.

Повеќето дијаманти се формирани помеѓу 1 и 3 билиони години наназад, на длабочина од околу 150 километри под континенталната кора, или 200 километри под океанската кора, што е многу поплитко од длабочината каде се формираат сините дијаманти. Секако ние ги наоѓаме на не толку голема длабочина, благодарение на вулканските процеси .

Дијамантите кои можат да се најдат на поплитките слоеви не се сосема безбојни, туку често се со благо розова боја. Иако се ретки, некои дури имаат и истакнати нијанси, пример, жолта, кафеава, розова или зелена.

Многу е веројатно дека јаглерод диоксидот, главната компонента на магматските тела, лежи на екстремна длабочина, каде што високата температура и многу високите притисоци таму ја компресираат во дијамант.

Во досега најдлабокоте слоеви се пронајдени и двата познати сини дијаманти Oppenheimer Blue и дијамантот Hope.

Поддржете ја нашата работа: