Според тврдењата на русите постојат неколку работи кои укажуваат на вмешаност од страна на американските разузнавачки служби: сложеноста на софтверот, групите и организациите коишто се таргетирани со код и сличности со познати малициозни софтвери како „Regin“, „Stuxnet “ и софтверот кој се споменува во документите од Едвард Сноуден. Најверојатно се работи за Националната агенција за безбедност (НСА), но Kасперски не е експлицитен во тврдењето.
Со претходно невиден капацитет, малициозниот софтвер може да го преработи фирмверот на хард дисковите, т.е. самиот софтвер кој го контролира уредот – што значи дека е речиси невозможно да се открие, а камоли да се отстрани. Производителите во чии компјутери е детектиран вирусот, негираат какво било знаење и инволвираност.
“Equation”, исто така, може да користат техника наречена „забрана”, во која тие ги задржуваат испратените стоки и можат да ги заменат со заразени верзии. Во една прилика, Касперски детектирал ЦД испратено до учесниците на научна конференција, заменето со верзии кои содржат програми со тројански коњ својствени за “Equation”.
Веста звучи страшно, во стилот на заговор на „Големиот брат“, но дали тоа директно ќе влијае на просечниот корисник на компјутер? Веројатно не. Се чини дека малициозниот софтвер е високо насочен и користи нешто што се нарекува „модел на ескалација“. Пред да инсталирате високо инванзивен софтвер, тројанскиот коњ утврдува дали сте предмет на интерес. Голем дел од малициозниот софтвер е исто така дизајниран да се самоуништи по период на неактивност, со цел да ги скрие каналите. Во еден наврат, “Equation”, нападна форум, но заразени беа само најавените корисници.
Дури и ако сте загрижени, во моментов баш и нема решение. Софтверот е толку софистициран што техники за отстранување се’ уште не постојат – но ние очекуваме Касперски и други компании да поработат на проблемот.