Најцрниот материјал на планетата

Научниците  успеаа да создадат материја која е нивен достоен противник во однос на „црнилото” која има огромна потенцијална употреба.

Една од причините зошто  астрономските  телескопи се изградени високо во планините и далеку од големите населени места, е проблемот со залутаната светлина. Залутаната светлина , т.е. светлината од нецелни објекти, која се одбива во  внатрешноста на телескопот, го зголемува односот меѓу сигналот и шумот и ја намалува шансата да се добие остра слика.

Компанијата тврди дека  материјалот наречен „Vantablack“ апсорбира 99,96 проценти од електромагнетно зрачење, вклучувајќи ги сите видливи зраци. Само црните дупки апсорбираат 100% од  светлината.

„Vantablack“ е изработен  од наноцевки, екстремно мали, совршено подредени  структури од атоми на чист јаглен, кој  често го нарекуваат материјалот на 21 век. Наноцевките се „невидливи”, го гледате само просторот околу нив.

Инженерите  успеале  да  го поврзат  новиот материјал со мрежа, како што е  алуминиумската фолија, што значи дека може да се користи за обложување на ѕидовите на оптички и други инструменти ,пред се наменети за сателитите.

„Vantablack“ исто така може да најде примена во стелт технологијата, правејќи ги воените авиони помалку видливи за  електромагнетните  бранови на радар.

 

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.