Направа за подобра меморија!?

Според новите истражувања човечкиот мозок има околу 86 милијарди неврони, и со толку поврзување помеѓу нив би очекувале да го запаметиме секое наше животно искуство. Во реалноста тоа не е така.

Знаеме дека помнењето бледее, а луѓето со разни болести, како што е Алцхајмерова болест или деменција, ваквиот феномен е уште поизразен. Со цел да им се помогне, научниците веќе со години истражуваат дали е можно на мозокот да се вгради некаков имплант за да му се подобри неговата природна состојба.

Еден тим од Јужнокорејскиот универзитет (USC), предводен од Донг Сонг, кон крајот од минатата година, го претстави она што тие го нарекуваат “мемориска протеза”, а станува збор за мала електродна сонда која може да се открие и репродуцира сигнали во хипокампусот, дел од мозокот одговорен за меморијата.

Овој тим го поставил уредот во мозокот на 20 волонтери кои веќе имале електроди во мозокот поради лекување од епилепсија.

Имплантот ја следел активноста при тестот, во чие време на волонтерите им биле прикажувани различни облици, а подоцна за време на вториот тест им ги повториле истите тие сигнали од мозочна активност во надеж дека ќе се подобри моќта на меморијата. Тогаш тестовите покажале подобрување на помнењето за 15%.

Ноиот труд, објавен во списанието Journal of Neural Engineering вели дека научниците користејќи електрични импулси значајно го подобриле складирањето на нови информации. Како што вели Роберт Хампсон, професор од болницата Вејк Форест, научниците се обидуваат да го хакираат комуникацискиот систем на мозокот со испраќање на вештачки генерирани пораки.

Волонтерит во новата студија изработувале задачи поврзани со помнење, а истражувачите ги следеле активностите. Хампсон додава дека можеле да видат активност на од 10 до 60 неврони во исто време, а тоа значи дека и кај луѓето со намалено помнење се гледа активирање на неврони за да се соберат вистински информации.

На крајот, Хампсон и неговиот тим наведуваат дека кај волонтерите помнењето се подобрило за околу 35%.

Студијата е финансирана од DARPA.

Поддржете ја нашата работа: