НАСА ги објави најдеталните фотографии од Јупитер досега

НАСА само што ги објави најдеталните фотографии од Јупитер што човештвото ги има видено досега.

Новите слики се направени од страна на вселенската сонда „Juno“ која влезе во орбитата на Јупитер во јули, по пет-годишно патување во Сончевиот систем. Леталото прв пат прелета над планетата мината недела, и се доближи најблиску до Јупитер отколку кое било друго летало во историјата.

НАСА успеа да ги преземе сликите за 1,5 ден (ден и пол), кои дефинитивно се вредни за чекањето.

„Ја имаме првата слика од северниот пол на Јупитер, и изгледа како нешто што досега не сме го виделе, ни замислувале. Таму е посино по боја отколку во било кој друг дел од планетата и има многу бури“- изјавува Скот Болтон, главниот истражувач на оваа мисија, од Југозападниот истражувачки институт во Сан Антонио.

5342598-jupiter-1За разлика од познатиот пругаст изглед на средишниот дел на Јупитер, Северниот пол, како што се гледа на сликата, ни открива еден неред од урагански бури.

„Не постои никаков знак за медитеријанските пруги или зона, како и појасите кои сме навикнати да ги гледаме – од оваа слика многу тешко се приметува дека станува збор за Јупитер. Има знаци дека облаците имаат сенки, што укажува на тоа дека можеби тие се наоѓаат на поголема височина“ – вели Болтон.

Уште една чудна работа е недостатокот на шестоаголна форма на Северниот пол, што истражувачите очекувале дека ќе ја пронајдат, гледајќи според другиот жител во Соларниот систем, гигантот Сатурн, кој формира таква круна. „Најголемата планета во Сончевиот систем е навистина уникатна“- додава Болтон.

Покрај сликањето на северниот пол, „Juno“ користел и инфрацрвен уред од италијанската вселенска агенција „Jovian Infrared Auroral Mapper (JIRAM)“ за да ги анализира поларните региони на Јупитер во инфрацрвени бранови. Покрај откривањето на топли точки и жаришта низ северниот и јужниот пол на Јупитер, „JIRAM“ исто така ни го овозможи и првиот поглед на поларната светлина во јужниот дел на планетата.

5342598-jupiter-2За овој прв прелет над планетата, „Juno“ помина 4.200км над облаците на Јупитер и ги активира сите свои 8 инструменти за собирање на податоци. Еден од нив, наречен „Radio/Plasma Wave Experiment instrument (Waves)“ снимил радио емитувања кои се смета дека се произведени од поларните светлини на Јупитер. Кога овие сигнали ќе се конвертираат во аудио фреквенција, тоа би звучело вака:

Истражувачите од НАСА допврва започнуваат со анализа на податоците од првото прелетување на сондата, а уште со 35-те орбитни прелетувања кои се планираат, едно е сигурно, „Juno“ започнува да ги открива тајните на Јупитер.

Поддржете ја нашата работа: