НАСА ја реконструира смртоносната површина на Венера во Охајо

Мала верзија на пеколот на Земјата се крие во Кливленд, Охајо. Наречена „GEER“ (Glenn Extreme Environments Rig) оваа челична комора од 14 тони може да ги рекреира токсичните, загушувачките и жешките услови на површината на Венера, некогашниот близнак на Земјата кој исто така бил погоден за живот.

Научниците од Истражувачкиот центар Глен на НАСА, каде што е лоциран „GEER“ работеле на овој проект во текот на изминатите 5 години, и за прв пат го испробале во 2014 година.

Од тогаш, истражувачите вршеле тестирање и ги изложувале сите видови на метали, керамика, жица, мрежа, посребени оклопи и електроника, на условите на Венера за да видат што ќе истрае, а што ќе се уништи.

58472a0fe02ba738018b7c64-2400

Нивната надеж е да научат како да изградат вселенско летало кое може да трае месеци или дури и години на Венера, наместо да биде уништено речиси веднаш.

„Една од последните проби за посета на Венера беше „Венера 13“ во 1982 година и успеа да преживее само 2 часа и 7 минути. Венера е многу, многу корозивна“ вели Густаво Коста, хемичар и научник за материја кој работи со „GEER“.

Венера е смртоносниот близнак на Земјата. Таа е карпеста и има 82 проценти од масата и 90 проценти од гравитацијата како на Земјата. Исто така, има и трајна атмосфера и орбитира во зоната погодна за живот, каде што водата може да постои како течност.

58472777e02ba75e658b6ba5-2400

Воздухот на површината на Венера е речиси 97 проценти јаглерод диоксид, што е околу 100 пати погуст од атмосферата на Земјата, додека температурата е 462 степени Целзиусови. Овие податоци ги знаеме благодарение на дваесетина успешни мисии, кои вклучуваат 8 сателити и 10 сонди, од кои повеќето се лансирани од страна на Советскиот Сојуз.

Но, како е да се биде на површината на Венера, и што се случува со материјалите и вселенските летала кои слетуваат таму не било јасно се до појавувањето на „GEER“.

„GEER“ собира заедно се што истражувачите го научиле за површината на Венера во комора од 800 литри, при што машина за мешање ги комбинира познатите гасови на Венера, а моќен грејач ги загрева.

58472a0ee02ba75e658b6bb9-2400

„Потребни се 2 и пол дена за да се загрее, а 5 дена за да се олади. Единствената работа што ја научив работејќи со „GEER“ е тоа колку е чудна атмосферата на површината на Венера. Тоа е мешавина на суперкритична течност, а не само на гас. Суперкритичните течности се однесуваат како гас и течност во исто време“ – вели Лија Накли, водечкиот инженер на „GEER“

Шетањето на површината на Венера би било како одење низ воздух што е дебел колку базен со вода, со притисок еквивалентен на оној 100 метри под вода, со смртоносно жешка температура.

Атмосферата на Венера исто така, има траги од водород флуорид, хлороводород, водород сулфид и сулфурна киселина, од кои сите се исклучително опасни хемикалии.

„Наместо да има облаци од водена пареа, Венера има облаци од сулфурна киселина. И треба да се помине преку нив, за да се дојде до површината. Тоа е страшно“ – додава тој.

584730dbe02ba75e658b6bd4-1200

Во моментов, Јапонија е единствената земја која има летало околу Венера, наречено „Akatsuki“ и покрај тоа што пристигнало 5 години подоцна и е орбитер, а не лендер. Во меѓувреме, САД не лансирал мисија посветена на Венера од 1989 – тата година (орбитерот „Magellan“) и не слетал ништо во светот повеќе од 45 години.

Сепак, НАСА во моментов размислува за лансирање на предложената сонда на Венера, наречена „DAVINCI“.

5848250fba6eb620008b7e34-1200

Доколку НАСА одлучи целосно да ја финансира мисијата како дел од истражувачката програма, сондата ќе пристигне некаде во 2023 година, ќе се спушти низ атмосферата за 63 минути, собирајќи примерок од гасовите по пат и правејќи слики со највисока резолуција досега од површината на Венера.

Оваа статија првично е објавена во „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: