Минатата недела НАСА и официјално го објави научниот труд за ЕМ погонот, кој кратко пред тоа неофицијално протече во јавноста, и со кој станува појасно како всушност функционира истиот.
Да потсетиме, станува збор за погон кој го прекршува третиот Њутнов закон, кој вели дека на секоја акција и следува еднаква и спротивна реакција, во склад со што функционираат сите постоечки уреди, од мотор со внатрешно согорување, па се до ракетни системи.
Од друга страна, за ЕМ погонот не е потребно никакво ракетно гориво, туку споменатиот се придвижува преку одбивањето на микробрановите во внатрешноста на металното куќиште.
Иако наведениот погонски состав теоретски не би смеел да функционира, во пракса се покажало дека споменатиот постигнува импресивни резултати.
Имено, благодарение на дополнителните експерименти кои кон крајот на минатата година ги спроведоа научниците од лабораторијата „Eagleworks“ на НАСА, излезе на виделина на кој начин ЕМ моторот постигнува притисок од 1.2 милињутни на киловат (mN/kW), а што е значително повеќе од притисокот кој е остварен при тестирање на соларното јадро, кое изнесува само 6.6 mN/kW.
Меѓутоа, додека за функционирање на Хал системот е потребно ракетно гориво, што значително ја зголемува масата на леталото, а за ограниченото времетраење на притисокот и да не говориме, ЕМ погонот е многу полесен, со постојаност во функционирањето, што значително ги компензира сите негови можни недостатоци.