НАСА објави слики од две галактички јата непосредно пред да се судрат

НАСА објави нови слики направени од телескопот Хабл на кои се гледа како изгледаат галактичките јата непосредно пред да се судрат.

Резултат на овој космички судир на галактичките јата е формирање на нова масивна космичка структура наречена „MACS J0416.1-2403“ (или едноставно „MACS J0416“), која се наоѓа на оддалеченост од околу 4,3 милијарди светлосни години од Земјата, во соѕвездието Еридан.

Сликите од галактичките јата понекогаш не изгледаат реално, бидејќи овие спирални дискови што се гледаат на сликата погоре, изгледаат како да се нерамномерно распоредени на темна позадина со фотошоп.

Но, овие слики се потполно реални, а во исто време и извонредни, бидејќи секоја од овие галаксии содржи милијарди ѕвезди и безброј планети, исто како што нашиот Млечен Пат ги содржи планетите и ѕвездите од нашиот Сончев систем.

Сликата што истражувачите ја нарекуваат „Космички калеидоскоп“ е создадена со комбинирање на податоците од три одделни телескопи поставени во различни делови на небото: телескопот Хабл (ги покажува галаксиите и ѕвездите), оперватотијата Чандра (дифузните зрачења во сина боја) и опсерваторијата „NRAO“ (дифузните зрачења во розева боја). Секој од овие телескопи покажува различни елементи од галактичкото јато, што им овозможува на истражувачите детално да го проучуваат „MACS J0416“.

Еве како изгледа целата фотографија

z

И покрај тоа што  тука изгледаат дека се испреплетени, двете јата сѐ уште не се судриле, иако е очигледно дека тоа ќе се случи. Истражувачите го знаат ова, бидејќи ако судирот веќе се случил, црната материја од галактичките јата и гасовите би се раздвоиле и тие не би можеле во толкава мера да ја искривуваат светлината од јатата позади нив.

Ефектот на „гравитациона леќа“ ја засилува светлината од далечните ѕвезди, што прави тие да изгледаат поголеми. Ова им овозожува на истражувачите да откријат екстремно стари објекти што се создале само неколку милиони години после Биг-Бенг (големата експлозија)

Како што објаснуваат истражувачите, се смета дека „MACS J0416“ содржи значително количество црна материја, бидејќи остава забележителна трага во видливата светлина фатена од страна на телескопите преку искривување на сликите од позадинските галаксии.

Креирањето и пручувањето на слики како што е Космичкиот калеидоскоп, им овозможува на истражувачите уникатен увид во минатото на Универзумот, што може да помогне еден ден подобро да се разберат космичките мистерии како што се црната материја и црната енергија. Ова е од клучна важност, бидејќи се смета дака црната материја и црната енергија сочинуваат 95,4% од целикупниот познат Универзум.

Поддржете ја нашата работа: