Научниците кои ја следат сондата Касини на НАСА, која се наоѓа во орбитата на Сатурн од 2004-тата година, а неодамна објавија одлично видео од атмосферата на најголемата месечина Титан, создадено со комбинирање на илјадници фотографии кои наведената сонда ги направила во период од неколку часа.
Снимката направена на 29-ти и 30-ти октомври оваа година, прикажува облаци од метан кои патуваат на северната хемисфера на Титан, со која научниците добиле сосема нов увид за динамиката на атмосферата над небеските тела. Освен што дава поглед на настанувањето, движењето и исчезнувањето на облаците, снимката е вредна и поради тоа што успешно ги отстранува сите пречки кои понекогаш се присутни на поединечни фотографии.
„Снимките со временско доцнење како што е оваа, на научниците им даваат можност за набљудување на развитокот на облаците, нивното движење и исчезнување. Покрај тоа, филмот со временско задоцнување помага да се направи разлика во пречките во сликите (на пример, како резултат на влијанието на космичкото зрачење на детектор) на слаби облаци и магла”, откриваат научниците.
На приложената снимка може да се видат облаци од метан кои се движат со брзина од 7 до 10 м/с пред да се растераат. Овие облаци исто така се многу слични на оние кои можат да се видат од Земјата. „Покрај нив постојат и мали облаци во подрачјето на малите езера на север, кои исчезнуваат во текот на снимката. Оваа мала група на облаци се движи со брзина од 1-2 м/с”, напоменуваат научниците.
Самото видео во траење од 59 секунди е резултат на комбинирање на слики формирани во опсег од 11 часа, направени во интервал од 20 секунди. Целокупниот видео материјал се повторува дури шест пати, што ни покажува колку е тешко да се направи снимка на толку оддалечено тело како што е Титан.
Видеото укажува на нови тајни кои ги крие Титан, бидејќи ја негира сегашната теорија за постоење на големи количини на облаци на почетокот на летото на северната хемисфера. Завршување на климатскиот модел на Титан е исклучително важно, заради можноста од постоење вонземски микроорганизми на него, благодарение на атмосферата богата со метан.
Покрај тоа, на овој сателит на Сатурн, НАСА планира еден ден да испрати и автоматизирана подморница, со цел да ги истражи неговите океани од метан.
Во меѓувреме, Касини ќе ги следи месечините на Сатурн до септември следната година, со што ќе го надмине времетраењето на својот мандат од девет години, а потоа НАСА ќе ја сруши сондата во неговата амосферата од метан.