НАСА се обидува да го редизајнира запчаникот

Електрониката, сензорите, моторите, батериите и останатите делови на разните роботски направи, во својот развој напредуваат веќе со децении, додека механичкиот дел на уредите остана долго време воглавно непроменет. НАСА сепак смета дека е време за иновации на тоа подрачје, па нивната лабораторија за ракетен погон (Jet Propulsion Laboratory) во Пасадена, Калифорнија, развива иновативни материјали за изработка на запчаникот.

Засега како најверојатен кандидат за изработка на запчаникот на иднината се истакнува материјалот наречен „bulk metallic glass” (BMG). Таква легура се добива со загревање на металот до точка на топење, за да набрзо после тоа се смрзне.Со тој процес, кристалната структура на металот се разбива со топење, а со брзото ладење (за околу 1000°C во секунда) таа и во тврда состојба останува слична на хаотичниот распоред на атоми во течна состојба.
Така се добива метален материјал кој може да се обликува исто како стаклото.

Ваквиот аморфен метал може да се лие во посакуван облик и со овој процес запчаниците стануваат отпорни на ниски температури и абење.

Аморфните метали (метално стакло) измислени се уште во шеесеттите години од минатиот век на „CalTech“, а НАСА сега пробува да ги искористи за изработка на механички делови, кои не би биле кршливи на ниски температури, на пример во ледените услови на другите вселенски тела кои НАСА сака да ги истражи во иднина.

Основната предност на овој материјал, покрај отпорноста и цврстината, е и фактот дека запчаниците направени од аморфни метали, можат да работат без масла во многу ладни услови (дури до -200°C).

Кај класичните уреди, енергијата се троши за загревање на маслата, кога роботот се придвижува, но со новите уреди, како што е „BMG“, би дошло до значаен напредок на тоа поле.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.