Истражувачите ги замениле традиционалните алуминиумски клапи на авионот со склопови кои ја менуваат формата односно формираат површини кои може да се наведнуваат и превиткуваат, вели НАСА. „Тестовите на летање ќе одредат дали овие флексибилни клапи се остварлив пристап за подобрување на аеродинамичната ефикасност и намалувањето на бучавата при полетувањата и слетувањата“, рече НАСА во соопштението.
Во овој проект, покрај НАСА, учествува и американската воздухопловна лабораторија за истражување. Оваа технологија користи авионски клапи дизајнирани од Ен Арбор и се тестира на модифициран „Gulfstream III“ авион во истражувачкиот центар Армстронг на НАСА во Едвардс, Калифорнија.
НАСА вели дека за време на летот, „експерименталните контролни површини“ се заклучени со одредени параметри. Посебни параметри ќе се користат за последователните летови со цел да се соберат податоци за функционирањето на оваа технологија.
„Првиот лет помина како што планиравме, потврдивме многу клучни елементи од експерименталните крилја“, вели Томас Ригни, менаџер на проектот во истражувачкиот центар Армстронг на НАСА. „Очекуваме оваа технологија да ги направи идните авиони поефикасни и потивки и да заштеди стотици милиони долари годишно за трошоците за гориво“
НАСА не е единствената организација којашто сака да ги примени новите технологии во воздушниот сообраќај. На пр. компанијата A.U.K. претставила концепт за авиони чии прозорци ќе бидат заменети со паметни екрани кои ќе ја покажуваат глетката надвор од авионот.
Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk. Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и да поттикнат нови идеи и критичко размислувањекај сите нас. Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме ви однапред благодарни! |