Населението во Атакама е отпорно на арсен

Народот кој ја населува Атакама, најсувата пустина на светот, се прилагодил така што негативниот ефект од арсенот врз човечкото здравје го сведе на најниско можно ниво.

Тамошните извори на вода се многу ретки, вклучуваат неколку реки и разни извори кои содржат големо количество на смртоносен арсен – 100 пати повеќе од дозволеното, кој може да предизвика низа од здравствени проблеми кај луѓето. Сепак, тамошното население успева да преживее веќе 7000 години.

Се чини дека еволуцијата и за тоа пронашна решение. Човечкото тело користи ензим AS3MT (Арсенит метилтрансфереза) со што го разградува арсенот во организмот на две компоненти – монометиларсенична (MMA) и диметиларсенична (DMA). Лицата кои метаболизираат повеќе арсен, ефикасно го претвораат во помалку токсична диметиларсенична киселина, која полесно се исфрла од телото.

Предмет на оваа студија биле варијациите во генот кој кодира за AS3MT, а научниците пронашле повеќе такви заштитни варијации во малиот број на луѓе кои живеат во Атакама. Имено, кај нив е пронајден 68% повеќе отколку кај луѓето од останатите делови на Чиле.

„Нашите податоци укажуваат дека способноста за обработка на арсен на метаболизмот е всушност механизам за прилагодување на живот во таква околина“, заклучуваат научниците.

Овие заштитни варијации се наречени единечни нуклеотидни полиморфизми, а всушност се работи за замена на еден нуклеотид со друг во крвта. Таквите ситни мутации, одговорни за подобра обработка на арсенот се пронајдени кај лица од Виетнам и Аргентина.

Друг пример за човечка адаптација е толеранцијата на лактоза. Мутацијата која на луѓето им овозможила производство на ензимот лактоза, се појавила пред 7000 години и денес е присутна кај отприлика 35% од човечката популација.

 

Поддржете ја нашата работа: