Нашата планета е уникатна меѓу сите други планети во Универзумот?

Голем дел од астрономските истражувања се засноваат на идејата за пронаоѓање на нешто како нас во вселената, било тоа да е барање средина која би можела да одржи живот, рангирање на планетите во однос на нивниот потенцијал за постоење живот или споредување на некои далечни светови со нашиот.

Но, што ако – статистички гледано- шансите за пронаоѓање на друга планета макар и барем малку слична на Земјата се многу мали? Ова размислување е дел од една нова студија на меѓународен тим на истражувачи.

Тие собрале податоци од се’ што досега знаеме за егзопланетите кои се наоѓаат надвор од нашиот Сончев систем и ги внеле во компјутерски модел кој бил дизајниран да симулира како галаксиите и планетите се формирале пред повеќе од 13,8 милијарди години. Песметките резултирале со „космички попис“ на планетите каде што нашата Земја изгледала уникатна.

Секако дека постојат многу несигурности во ваквите пресметки, особено со оглед на тоа колку малку знаеме за егзопланетите, но што е тоа што ја прави Земјата посебна меѓу сите нив?

Истражувачите не знаат со сигурност, но според пресметките, нашата Земја е еден вид на аномалија која не личи на мнозинството други планети во Млечниот Пат и надвор од него, кои се постари, поголеми и со помала веројатност за можен живот.

Со оглед на малиот број на податоци што се користени – 2.000 егзопланети се сметаат за мал примерок на податоци со оглед на огромниот број на потенцијални светови во Универзумот – не можеме со сигурност да знаеме, но истражувачите велат дека формирањето и позицијата на Земјата можно е да биле навистина неверојатен случаен настан.

Студијата ќе биде објавена во „The Astronomical Journal“.

Поддржете ја нашата работа: