Нашиот пластичен отпад стига и до крајот на Земјата

Кога пластичниот отпад што го создаваме ќе стигне до океаните тој не останува на едно место. Со истражувањето што е објавено во американското списание „Science Advances“, се потврдува дека големи количини пластични предмети се наоѓаат во водите источно од Гренланд и северно од Скандинавија, иако тие области се слабо населени, па нармално би требало да имаат и помалку отпад.

Северниот леден океан стана слепа улица за отпадот кој плови по северниот  Антлантик, истакнуваат научниците и предупредуваат од ризикот што го носи таквото загадување за единствениот екосистем.

Овие наоди укажуваат на тоа колку е важно добро да се менаџира собирањето на пластичниот отпад од самиот почеток, зошто кога ќе стигне до океаните неговата дестинација може да биде непредвидлива, истакнуваат научниците.

Полузатворените мориња, како Средоземното, чиј брег е густо населен се многу загадени со пластика, но толку голема акумулација од пластика не била очекувана во слабо населените поларни области.

Членовите на експедицијата „Tara Oceans“, спроведена во 2013 години, предводени од биологот Андрес Козар од Универзитетот Кадис во Шпанија, со помош на мрежи вршеле собирање на пластичниот отпад.

Најголемиот дел од Северниот леден океан бил малку загаден со пластика, се наведува во студијата. Меѓутоа, огромни количини ваков отпад имало во водите кај Гренланд и Баренцовото море на северот на Норвешка и кај западна Русија.

Според истражувачите, стотици тони отпад и делови од пластика пливале по површината, не сметајќи што сѐ може да се наоѓа на дното на морето.

Собраните примероци од отпадот укажуваат дека отпадот доаѓа од далеку, на пример од бреговите на северна Европа, Велика Британија и од истокот на САД. Дел од отпадот исто така би можел да доаѓа и од бодовите кои сообраќаат во локалните води, наведуваат истражувачите.

Тие го следеле движењето на пласичниот отпад во северниот Атлатик со помош на 17.000 пловки опремени со сателитски предавател. Добиените податоци потврдиле дека отпадот се движи кон поларните области преку струјата позната како  „термохалинска циркулација“.

Според студијата пластичниот отпад што сега плива по Северниот леден океан моментално изнесува околу три проценти од вкупниот светски отпад, но голема е веројатноста дека  сѐ повеќе ќе се зголемува. Истражувачите истакнуваат дека се особено загрижени за тоа како ова загадување ќе влијае на чувствителниот поларен екосистем, кои веќе се соочуваат со ефектите од глобалното затоплување.

 

Поддржете ја нашата работа: