Наскоро ќе може да си ги читаме и разменуваме мислите

Првата вистинска комуникација мозок со мозок, би можела да се оствари следната година, благодарение на еден неодамнешен напредок.

Првите обиди нема сосема да наликуваат на телепатијата како што oбично ја замислуваме.

Нашите мозоци функцираат уникатно, а начинот на кој секој од нас размислува за овој концепт е под влијание на нашите искуства и сеќавања. Ова резултира со различни видови мозочна активност, но доколку невронаучниците ги разберат овие начини кај една индивидуа, би можеле да поттикнат одредени мисли во мозок на истата. Теоретски, во таков случај тие би можеле да ја искористат мозочната активност кај друго лице за да ги поттикнат овие мисли.

Засега истражувачите успеале да направат двајца луѓе кои седат во различни простории да играат игра од 20 прашања на комјутер. Учесниците испраќале одговор „да“ и „не“,  благодарение на ЕЕГ капи, со кои била мониторирана мозочната активност, со помош на техниката наречена транскранијална магнетна стимулација, поттикнувајќи на тој начин електрично движење во мозокот на другото лице.

Со унапредување на овој процес би било возможно да се детектираат одредени мисловни процеси кај едно лице и тие да се искористат да се влијае на одлуката кај друго лице.

gettyimages-604572333-800x533

Друг пристап е мозочната активност од неколку индивидуи да се „собере“ на еден електричен уред. Ова веќе е правено со животни. Три мајмуни со мозочни импланти, научиле како заедно да соработуваат за да контролираат и да движат роботска рака.

Слично е направено и на стаорци, со поврзување на нивните мозоци во „мозочна мрежа“.

Следен чекор е да се развие еквивалент на ова и за човекот, без да се прави инвазивен хируршки зафат. Наместо тоа, би можеле да се употребат ЕЕГ капи и нивни први корисници веројатно би биле лица кои се парализирани. На пример, со поврзување на „мозочната мрежа“ со роботско одело, би им се овозможило да добијат помош од некој друг додека учат како да го користат егзоскелетот за да ги повратат движењата.

Поддржете ја нашата работа: