Добрата вест гласи дека можеби мамурлукот за брзо време ќе биде минато. Дојде време за синтетички алкохол кој ќе биде достапен во следните 5 години.
Главниот виновник за оваа неверојатна вест е контроверзниот Дејвид Нат – поранешниот британски владин советник за дрога кој бил разрешен од функција кога изјавил дека алкохолот е поопасен од екстази. Никој не бил премногу заинтересиран за статистиката која ја потврдува неговата изјава (алкохолот е штетен во еден од 350 случаи и екстазите во еден од 10.000 случаи).
После нековото заминување од функцијата објавил истрага за весникот “Лансет”, заклучувајќи дека алкохолот е “поштетен од хероин и вар”.
“Доколку алкохолот е откриен денес, би бил незаконски прехрамбен производ. Сигурната граница на алкохол, доколку се почитуаат критериумите за прехрамбени стандарди, би била една чаша вино годишно”, вели тој.
Нат сепак не бега од алкохолот. Тој дури и е партнер на еден сопственик на вински бар во Лондон, заедно со својата ќерка. Сега работи како шеф на одделот за невропсихофармакологија на Imperial College во Лондон.
Синтетичкиот алкохол или alcosynth, кој Нат го развива се вика Алкарел. Идејата е да се имаат сите релаксирачки и социјално стимулативни ефекти од алкохолот, само без симптоми на мамурлок или други здравствени проблеми.
Приказната за Алкарел започнала во 1983 година, кога Нат беше првиот што докажа дека алкохолот влијае на мозокот со стимулирање на GABA рецептори. Така го успорува отпуштањето на невроните. Со примена на хемикалија која ги блокира GABA рецепторите кај пијани лабораториски глувци, истите успеал да ги отрезни. За жал, во тоа време технологијата не била напредна, па оваа студија се соочила со осуда.
Денес, Нат знае дека постојат 15 подвидови на GABA рецептори во различни делови на мозокот. Алкосинтите можат да се развијат за да се врзат за специфични рецептори, создавајќи различни ефекти. Еден вид може да биде “парти” пијалок, а друг повеќе погоден за бизнис ручек.
Тимот на Нат го разви петгодишниот план за кој се надеваат дека ќе се усвојат прописи кои Алкарелот ќе го класифицираат како додаток во исхраната.