Наскоро вашиот скршен телефон ќе може сам да се поправи

Научниците од Универзитетот во Бристол, Велика Британија, развиле материјал кој сам се поправа. Новиот материјал, за околу пет години ќе може да се инкорпорира во сѐ, од екраните на паметните телефони до средствата за лакирање, велат научниците.

Материјалот се состои од лист од милиони микроскопски топчиња, исполнети со течност, што е мешавина од различни хемикалии на база на јаглерод. Кога ќе се настане пукнатина, микросферите се раздвојуваат и се испушта течноста која влегува во новонастанатата пукнатина. Потоа, преку хемиска реакција, настанува полимеризација, односно стврднување на течноста со што пукнатината се лепи преку создавање на цврсто, скоро проѕирно полнење.

Иако првично била наменета за авионските крила, научниците велат дека оваа технологија има потенцијал да направи радикални промени во различни индустрии. Материјалот би можел да се искористи за фарба за автомобилите што сама се поправа после оштетување, за рамки за велосипеди и ветерни турбини кои не пукаат, како и за ветробрански стакла кои сами се репарираат после напукнување. Потребно е супстанцијата само да се додаде во постоечкиот материјал, веројатно со мали измени во производството.

Научниците истакнуваат дека во некои случаи постигнале 100% враќање на механичката цврстина.

Ова веројатно значи и почеток на развој на паметни телефони што не се кршат.

Поддржете ја нашата работа: