Научник на денот: Џон Тајлер Бонер

Тој го предводеше процесот на  создавање на „Dictyostelium discoideum“ моделот на  организмот од централно значење за испитување на некои од главните прашања во експериментална биологија. Тој е почесен професор по биологија во Секторот за екологија и еволутивна биологија на Универзитетот Принстон.

Бонер студирал на Универзитетот Харвард. Неговите докторски студии биле прекинати  поради краток  престој во  Воздухопловниот Корпус на армијата на САД, па тој  ги завршил студиите во невообичаено краток временски период.  Кратко потоа се приклучува на факултет на Универзитетот Принстон. Тој има три почесни докторати и е член на Американската асоцијација за унапредување на науката.

Некои од неговите  најпознати дела се:  „Калапите на клеточниот слуз“, „Еволуцијата на културата кај животните “, „Животниот циклус“ и „Идеите за биологијата“. Бонер во своите дела  дискутира за потценетата улога на случајноста во еволуцијата. Во едно од своите најнови дела, “Случајноста во еволуцијата“, Бонер покажува колку ефектите на случајноста се разликуваат за организмите од различни големини. Колку е помал организмот, толку поверојатно е дека морфолошките разлики ќе биде по случаен избор и селекцијата не е вклучена на значајно ниво.

Тој, исто така, разговара за тоа како сексуалните  циклуси се разликуваат во зависност од големината и комплексноста,  и како се менуваат во некои социјални организми.  Поновите истражувачки интереси Бонер вклучуваат експерименти со цел да се разбере како како овие промени се случуваат кај голем број на видови кои се разликуваат морфолошки.

Линк од официјалната веб страна на Бонер.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt