Го завршил своето образование на Медицинскиот колеџ на универзитетот Корнел. Тој е шеф на одделот за клиничка физиологија и на лабораторијата за имунорегулација во Националниот институт за алергии и инфективни болести (НИАИД), дел од Националниот институт за здравство.
Фаучи има богато портфолио кое вклучува применети истражувања за спречување, дијагностицирање и лекување на заразни и имунолошки болести (вклучувајќи и ХИВ/СИДА и други сексуално преносливи болести), болести од потенцијалните агенси на биотероризам, туберкулоза, маларија, автоимуни заболувања, астма и алергии. Тој е широко признат за делинеација на прецизни механизми со кои имуносупресивните лекови го моделираат човечкиот имунолошки одговор.
Во 1985, Стенфордскиот Центар за истражување на артритис ја рангирал работата на д-р Фаучи за третман на „polyarteritis nodosa“ и Вегенеровата грануломатоза како еден од најзначајните достигнувања во третманот на пациентите и ревматологијата во текот на претходните 20 години.
Фаучи има направено плодотворни придонеси за разбирање на механизмите со кои вирусот на СИДА-та ја уништува одбраната на телото, што доведува до неговата подложност на смртоносни инфекции. Тој продолжува со истражување и идентификување на природата на имунопатогените процеси на инфекција со ХИВ и обемот на имунолошкиот одговор на телото на ретровирусот ХИВ.
Тој е член на Националната академија на науките, на Институтот за медицина на Националната академија на науките и на Американската академија на науките и уметностите. Фаучи е автор, коавтор или уредник на повеќе од 1.000 научни публикации и неколку книги.