Бил близок соработник на Карл Маркс, долги години. Заедно со Маркс го напишале Комунистичкиот манифест, врз чија основа многу држави во 20 век воведоа комунизам.
Фридрих Енгелс е роден на 28 ноември, 1820 во Бармен, Прусија, во трговско и изразито религиозно семејство. Во 1841 година заминува на отслужување на воениот рок во Берлин, каде што се запознава со младохегелијанците и станува нивни приврзаник. Во 1842 година, неговиот татко го испраќа во Манчестер да ги води работите во неговата фабрика. Ужаснат од работните и животните услови на работниците, почнува да пишува книга за нивната лоша положба, која ја објавува во 1845 година како „Положбата на работничката класа во Англија.“ Со Маркс се запознава во септември 1844 година и оттогаш тие ќе развијат плодна и блиска соработка која ќе трае во текот на целиот нивни живот. Во 1847 година, Маркс и Енгелс се приклучуваат кон Сојузот на комунистите и се овластени да го напишат неговиот манифест, денес познат како „Комунистички манифест“. Следната година, Енгелс зема активно учество во Револуцијата од 1848 година, борејќи се на страна на бунтовниците во Елберфелд, јужна Германија. По неуспешниот крај на Револуцијата и тој и Маркс се принудени да побегнат во Англија. Со цел финансиски да му помогне на Маркс и на неговото семејство, Енгелс се враќа во фабриката на својот татко во Манчестер. По смртта на Маркс во 1883 година работи врз Марксовата оставштина и ги редактира и издава вториот и третиот том на Марксовиот „Капитал“.
Умира на 5 август 1895 година во Лондон.
Негови позначајни дела се:
· „Селанската војна во Германија“ (1850),
· „Револуцијата и контрареволуцијата во Германија“ (1852),
· „Анти-Диринг“ (1877),
· „Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата“ (1884),
· „Лудвиг Фојербах и крајот на германската класична философија“ (1886) и други.