Научник на денот: Хајнрих Рудолф Херц

Тој е првиот физичар којшто во 1888 година експериментално го докажал постоењето на електромагнетни бранови и утврдил дека нивната брзина е еднаква на брзината на светлината. Ги испитал и нивните дејства. Херцовиот осцилатор послужил како основа за развој на радио-техниката. Ги изучувал дејствата на катодните и УВ зраците и на одреден начин утврдил фотоелектричен ефект. Единицата за фреквенција го носи неговото име.

За време на школувањето во Берлин покажал голем интерес и познавање на науката и јазиците. Учел арапски и санскрит. Наука и инжинеринг студирал во Дрезден, Минхен и Берлин. Бил ученик на Густав Р.Кирхов и Херман фон Хелхотз. Дипломирал во 1880, а до 1883 останал Хелхолтзов ученик. Тогаш станува предавач на универзитетот во Келн. Тука ги открива електромагнетните бранови.

После експериментот на Мишелсон во 1881 година, кој го докажал непостоењето на Земјината патека околу Сонцето која што настанала во 17 век, Херц ги преформулирал Максфеловите равенки и дошол до нови откритија. Во текот на експериментот докажал дека електричните сигнали можат да патуваат низ воздухот како што претпоставувале Џејмс Кларк Максфел и Мајкл Фарадеј. Тоа е  основа за откривање и развој на радиото.

Умира од инфекција на крвта во 1894, на само 36 годишна возраст.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.