Научник на денот: Хипатија

Хипатија (Ипатија) Александриска е антички филозоф, математичар и научник од Александрија. Таа се смета за првата жена со големи заслуги во физиката, математиката, филозофијата и астрономијата. Се смета дека нејзиното убиство го означило крајот на Антиката и исто така ефикасно го одбележало падот на Александрискиот интелектуален живот.

 

Хипатија е родена во семејството на математичарот Теон Александриски, еден од најобразованите мажи во Александрија во тоа време и последен управник на Александриската библиотека, пред нејзиното затворање од ортодоксниот христијански император Теодосиј I. Теон и овозможил на својата ќерка сестрано образование, при што ја запознл со сите тогаш познати науки. Околу 400-та година, Хипатија била поканета да чита лекции во Александриската библиотека, каде ја вовела катедрата по филозофија. Ги предавала филозофиите на Платон и Аристотел. Предавала математика и се занимавала со пресметување на астрономските табели. Напишала коментари за делата на Аполониј Пергски и Диофант Александриски (III век од н.е.). Повеќето нејзини трудови се уништени при опожарувањето на библиотеката. Хипатија е позната и по своите трудови по математика и геометрија, најмногу со идеите за конусните пресеци, изложени од Аполониј Пергски.

Во нејзиниот најпознат труд „За конусите на Аполониј“ се опишува разделувањето на конусите на различни делови низ рамнина. Оваа концепција ја доразвива идејата за хиперболите, параболите и елипсите.

За време на животот на Хипатија, Римското царство било во фаза на прифаќање на христијанството и Александрија бил град на спротиставени идеи. Хипатија учествувала во Александриската градска политика. Имала блиски односи со префектот на градот Орест. Верувајќи дека стои зад лошите односи меѓу Орест и Александрискиот епископ Кирил Александриски (подоцна канонизиран), таа е заробена и убиена од разбеснета толпа христијани, предводена од свештеник наречен Петар – според христијанскиот историчар Сократ Схоластик.

Тие ја киднапирале Хипатија и ја однеле во црквата наречена Цезариум. Потоа ја убиле со плочки, мажите почнале да ја осакатуваат и ја запалиле. Вестите за убиството на Хипатија предизвикале големо јавно неодобрување на целата Александриската христијанска заедница.

Топло ви го препорачуваме филмот „Агора“, историска драма со интересни податоци за ликот и делото на Хипатија.

Поддржете ја нашата работа: