Роден е 1919 г. Основно и средно образование завршил во Битола. Медицински факултет во Белград. За време на студентските денови aктивнo бил вклучен во Здравствениот одбор во Битола, формиран во 1941 г. После завршената специјализација по педијатрија во Белград, отишол во Париз, каде останал една година во болницата „Enfantmalade“. Во 1948 г. се вработил во битолската болница. Во периодот од 1954 до 1956 г. бил управник на истата. Во 1956 г. станал асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, на катедрата по педијатрија.
Напишал голем број научни и стручни трудови, посебно од областа на молекуларните и генетските проблеми. Со своите трудови ја афирмирал медицината во Македонија и во странство. На Клиниката за педијатрија во Скопје ја основал хематолошко-цитолошката лабораторија, за испитување на хемоглобинот. Со тоа тој даде огромен придонес во изучувањето на хемоглобинопатиите во Македонија. Освен тоа, тој ја организирал и Генетската лабораторија на Клиниката за педијатрија, формирајќи соодветни кадри за решавање на некои генетски проблеми во детската патологија.