Научник на денот: Михајло Пупин

Во Америка средното име се бира произволно, па така Пупин го додава името Идворски (неговото родно место).

Како датуми на раѓање се појавуваат 27-ми септември, 4-ти октомври, а во поново време 8-ми и 9-ти октомври. Годината варира, 1854, 1857 и 1858. Варијациите се појавуваат поради грешки во бирократијата, датумите на заведување и крштевање и разликите помеѓу Грегоријанскиот и Јулијанскиот календар. Самиот тој ги објаснил и оспорил шпекулациите. Вистинскиот датум е 9-ти октомври 1854 година.

Михајло И. Пупин е роден во Банатското село, Идвор, тогашна Австро-Унгарија во петочлено семејство: татко Коста, мајка Олимпијада и две постари сестри. Родителите му биле неписмени, ама исклучително интелигентни и угледни луѓе, кои го воспитале строго патријахално.

По завршувањето на средното училиште во 1872 година заминува во Прага.

Сепак, во Прага, тој е повеќе заинтересиран за националната борба на Чесите отколку за училиштето. Затоа, на 12-ти март 1874 година, со бродот „Вестфалија“ тргнува на пат за Америка. Првите 5 години по пристигнувањето биле многу тешки за Пупин. Паралелно работел како физички работник и се подготвувал за факултет.

Во есента 1879 година, со високи оценки на приемниот испит се запишува на Универзитетот Колумбија, целосно ослободен од школарина. Подоцна тој заработувал со подучување на послабите студенти.

Дипломирал во 1883 година, еден ден пред да стане американски државјанин. Како одличен студент добива стипендија за математика и физика од Кембриџ, Англија (1883-1885), а потоа во Берлин (1885 -1889 година), кај познатиот теоретски и експериментален физичар Хелмхолц. Тука се посветува на физичката хемија и докторира под раководство на д-р Хелмхолц во 1889 година на тема „Осмотскиот притисок   неговиот однос кон слободната енергија“.

Во 1888 година Во Лондон, тој се оженил со Сара Кетрин Џексон, со која имаат ќерка Варвара (Барбара). Во 1889 година се враќа во Америка, каде што ја започнал својата академска кариера како професор по теоретска физика на Катедрата за електротехника на Рударското училиште при Универзитетот Колумбија.

За време на конфликтот помеѓу поддржувачите на едносмерната и наизменичната струја, Пупин ја заземал страната на Тесла.

Освен што е пионир во создавањето на X- зраците и познатите Пупинови калеми, Пупин патентирал вкупно 24 изуми. Првиот во 1894 година, а последниот во 1923 година. Неговите пронајдоци се главно во областа на телефонијата, телеграфијата и радиото. Светска слава доби со откривањето на процесот пупинизација, со што се овозможи трансфер на пишани или говорни сигнали на голема оделеченост. Тоа претходно не било можно.  Всушност, постапката е именувана по него.

Најплоден период што се однесува до работата му бил помеѓу 1890 и 1905 година.

Посмртно добива Пулицерова награда во 1924 година.

Поддржете ја нашата работа: