Научните откритијата во 2016 во врска со аутизмот

Аутистичкиот спектар на растројства (анг. Autism Spectrum Disorder – ASD) е термин што се користи да се опише една комлексна состојба која се карактеризира со социјални и развојни абнормалности, за кои се смета дека се предизвикани од проблеми во развојот на мозокот. Еве кои се последните научни откритија и сознанија за овој спектар на растројства.

Кои се причините за аутизам

Иако сѐ уште не може прецизно да се каже што предизвикува аутизам, сепак се приближуваме кон расветлувањето на основните фактори кои ја предизвикуват оваa состојба.

Во август, истражувачите од Универзитетот Принстон и Фондацијата Симонс во Њујорк спроведоа длабинска анализа на човечкиот геном со цел да дојдат до бројот на гените кои можат да бидат и причина и лек за аутизам. Оваа студија беше голем чекор напред кон расветлувањето на генетиката што стои позади аутизмот, и покрај тоа што веројатно не се сите 2.500 идентификувани гени фактички поврзани со него.

Што не предизвикува аутизам

Во 2016 година исто таа добивме повеќе информации за тоа што не може да биде причина за ова растројство. Еден од најголемите митови што беше срушен во врска со аутизмот е дека постои врска помеѓу провоцираното породување и децата со аутизам.

Во едно истражување, објавено во септември, вршено е испитување на медицинската евиденција на сите деца родени во Шведска помеѓу 1992 и 2005 година. Истражувањето било особено посветено на децата дијагностицирани со аутизам, при што не е откриена никаква врска помеѓу ова растројство и провоцираното породување.

Формата на мозокот

Едно неодамнешно истражување покажува дека формата на мозокот кај децата со аутизам се разликува од мозокот кај другите деца, што може да биде од помош подобро да се разберат некои од когнитивните потешкотии поврзани со ова растројство. Според извештајот од истражувањето, лицата со аутизам имаат помалку асиметрии на мозокот во споредба со неаутистичните лица. Наодите укажуваат дека двете страни од нивните  мозоци не ги делат задачите на ист начин.

Биомаркери

Уште еден голем чекор кон расветлувањето на аутизмот во 2016 година беше достигнувањето во идентификацијата на биомаркерите за аутизмот. Во истражувањето што беше објавено во април се објаснува нова метода за мапирање на мозокот со која се идентификуваат биомаркерите за аутизмот многу полесно. Покрај тоа што помага да се идентификуваат пациентите со аутизам, истражувачите објаснуваат дека нивната метода може да се користи и подобро да се одреди кој третман ќе биде најдобар за секој поединечен случај и да се мери напредокот на тие што во моментот се лекуваат.

 

Прочитајте повеќе на Енаука.мк – Нешто повеќе за аутизмот

Поддржете ја нашата работа: