Научниците дизајнираа едноставен нуклеарен реактор

Со децении научниците се обидуваат да најдат начин за да ја искористат нуклеарната фузија (реакција која ја создава енергијата кај ѕвездите) поради нејзината способност да произведува речиси неограничена енергија, без емисија стакленички гасови. Но, и покрај многуте ветувачки дизајни, пронаоѓањето на начин кој ќе ја задржи и комерцијализира реакцијата на Земјата беше потешко отколку што научниците очекуваа.

Со овој нов реактор, ова конечно би можело да стане реалност. Реакторот е 6,6м. во ширина и научниците велат дека ќе биде поевтин и помал од сегашните.

„Енергијата од нуклеарна фузија со сигурност ќе биде најважниот извор на енергија на Земјата во 22-риот век, но нам ни е потребна и порано за да го избегнеме катастрофалното глобално затоплување“, вели Дејвид Кингем, експерт за нуклеарна фузија кој не бил вклучен во истражувањето.

Да објасниме едноставно – нуклеарната фузија претставува спојување на атоми на водород на супер-високи температури за да се ослободи огромно количество на енергија. Ова е различно од нуклеарната фузија во нуклеарните централи, каде што научниците ги делат атомите за да произведат енергија, што е помалку стабилен процес кој исто така произведува и големи количини на нуклеарен отпад.

Па зошто тогаш не ја користиме нуклеарната фузија за да произведеме смешни суми на чиста енергија? Затоа што реакцијата бара загревање на водородните атоми на стотици милиони степени Целзиусови, а одржувањето на таа жешка плазма на едно место, доволно долго за да се спојат атомите е многу потешко отколку што звучи.

Сегашните реактори користат т.н. „токамак“ дизајн за да ја задржат плазмата, што всушност претставува уред со облик на крофна кој создава силно магнетно поле. Новиот реактор во суштина работи на истиот начин, но користи нови комерцијално достапни суперпроводници за да создаде калеми со многу посилни магнетни полиња. Тоа значи дека може да се смести многу повеќе плазма на многу помал простор, со што се добива повеќе енергија. Всушност, научниците од МИТ сметаат дека овој рекатор ќе произведува приближно иста количина на енергија колку и најмоќниот реактор на светот, наречен „ITER“ кој во моментов се гради во Франција.

Се разбира, реакторот е се’ уште во концептуална фаза и сите пресметки се направени со компјутерски модели, но тие се засновани на постоечка технологија и веќе докажани концепти. Следниот чекор е подобрување на дизајнот и деталите. Реакторот е детално опишан во „Fusion Engineering and Design“.

Поддржете ја нашата работа: