Станува збор за прашањето кое потекнува уште од Аристотел – дали водата има вкус или не?
Веќе подолго време научниците се обидуваат да откријат, дали јазикот на цицачите може специфично да ја вкуси водата, или нашиот мозок одговара на остатоците на вкусот на нештото што претходно сме го вкусиле. Можеби сега најпосле имаме одговор, бидејќи научниците лоцирале нешто што делува како шестто сетило за вкус кое еволуирало да ја вкуси водата и се наоѓа на јазикот.
“Јазикот може да ги вкуси различните клучни нутритивни фактори, наречени тастанти, како што натриумот, шеќерот и амино-киселините кои помагаат при чувството на вкус. Многу видови на инсекти можат да ја вкусат водата, па истражувавме дали цицачите можеби имаат сетило за детекција на водата”, вели лидерот на студијата Јуки Ока, од институтот за технологија во Калифорнија.
Многу одамна Аристотел прогласил дека водата нема свој сопствен вкус, туку е само средство за вкусови кои претходно сте ги вкусиле, на пример, водата е со различен вкус кохга претходно сте јаделе нешто солено, благо или кисело.
Неодамна спроведениот експеримент покажа дека на водата одговараат специфичните делови на мозокот, што укажува на постоење на вкус кој нашиот мозок може да го почувствува, дури и ако јазикот не може. Оваа теорија не поминала низ проверки, бидејќи единствениот сигнал да престанеме да пиеме не може да се наоѓа само во нашите бавни внатрешни органи, вели неврологот Захари Најт.
Потоа, Ока и нејзиниот тим пронашле докази дека постојат рецептори за вкус на јазикот кај цицачите, кои реагираат исклучиво на обична вода за пиење.
Истражувајќи ги глувците, научниците ги измериле електричните одговори на пет основни вкусови, но детектирале и сигнал кој одговарал на обична вода. При експериментирањето откриле дека водата може да се вкуси преку клетките кои го чувствуваат вкусот за кисело.
За да го потврдат откритието, тие поставиле уште еден експеримент во кој светлосните сигнали стимулирале клетки на кисел вкус наместо вода, како што се гледа на видеото подолу.
Некои од лабораториските глувци го лижеле светлосниот зрак и до 2000 пати секој 10 минути за да ја задоволат жедта. Глодарите воопшто не сфатиле дека светлото е само илузија, што доведува до заклучок дека иако сигналите во јазикот можат да предизвикаат испивање на вода, сепак не му кажуваат на мозокот кога да престане.