Научниците го идентификувале мистериозниот звук што доаѓа од Маријанскиот ров

После неколумесечни шпекулации, научниците го идентификуваа најверојатниот извор на морничавиот звук што се слуша на аудио записите од Маријанскиот ров.

Според новото истражување на научниците од Државниот Универзитет во Орегон, овој звук со траење од 3,5 секунди, што бил снимен од автономна подморница длабоко во Маријанскиот ров, претставува нов тип на повик од беззаби китови и сѐ уште е нејасно што значи.

На снимката што може да ја слушнете подолу се разликуваат пет звуци кои се рангирани од „метални“ до биолошки звуци.

Истите се протегаат од 38 херци па до 8000 херци (човечкото уво може да слушне од 20 до 20.000 херци) и научниците не можеле да откријат нити човечко нити геолошко потекло на звукот.

Визуелна репрезентација на снимката
Визуелна репрезентација на снимката

Истиот звук бил снимен во неколку наврати од есента 2014 до пролетта 2015 година, во Националниот морски монумент Маријански ров – површина што зафаќа 246.000 км2 дел од Маријанскиот ров, источно од Гуам и е една од најголемите заштитени морски области во светот.

Иако овие звуци се сосема уникатни во научната евиденција, најдобар патоказ што го имале научниците за да ги идентификуваат била исто толку бизарна снимка направена во 2001 година во Големиот корален гребен во Австралија. Тој  звук, кој е наречен и како повик „Војна на ѕвездите“ од остроклуниот кит е подеднакво чуден како и овој што е неодамна снимен, а научниците велат дека врз основа на сличностите во фреквенцијата и структурата, звукот најверојатно потекнува од ист извор.

Но, со ова не е решена мистеријата, бидејќи звукот што го испуштаат беззабите китови е најчесто поврзан со парењето што значи дека може да се слушне главно во зима, додека снимените звуци се слушаат во текот на целата година.

Научниците се надеваат дека со испраќање на нова експедиција во иднина во областа на Маријанскиот ров ќе ги најдат и животните кои го испуштаат овој звук и ќе откријат на кој начин и зошто го прават тоа.

Истражувањето е објавено во „The Journal of the Acoustical Society of America“.

Поддржете ја нашата работа: