Научниците го одвоија најмалиот геном досега од антарктичка мушичка

Се работи за  „Belgica antarctica“, која спаѓа во групата на мали мушички кои практично ги има насекаде на земјата.

Оваа мушичка е преживувач или “ екстремофил “како што вели биологот Џоана Кели од Државниот Универзитет во Вашингтон.

 Taa еволуирала за да преживее во екстремните услови на Антарктикот. Мушичката има крилја, па не може да биде одувана од ветерот. Исто така, може да толерира губиток на вода во своите клетки од 40 проценти и повеќе, што е двојно повеќе отколку кај другите мушички. Може да опстои две години во форма на ларва. Изгледа како мали зрна суво грозје и на тој начин успева да ја помине зимата. Во тој период не е развојно активна ,но се уште е жива-вели Џоана Кели

 „Belgica antarctica“ е првиот поларн инсект и првиот инсект отпорен на смрзнување чиј геном или генетски материјал бил одвоен. Неговиот геном има 99 милиони базни парови, што е исклучително малку во споредба со човечкиот кој има 3,2 милијарди базни парови.

 Овој геном им овозможува на истражувачите  многу подлабоко да го проучат оранизмот. На пример, што ги  поттикува нивнте гени да ги активираат протеините одговорни за температурни промени. Кај овие мушички овој процес е постојано активен, за разлика од другите мушички кај кои процесот се активира кога тие ќе се изложат на температурен стрес. Овој процес може да ни даде увид во тоа како овие мушички успеваат да преживеат во зима- нагласува Кели.

 

Можни медицински придобивки

 Разбирањето на механизмот на толеранција на смрзнување кај бубачките, може да доведе до проширување и надвор од светот на инсектите.

 Најдиректна примена за човекот би била “cryo”-презервацијата или смрзнување на човечките клетки и ткива за медицински цели-објаснува Кели.

Поддржете ја нашата работа: