Научниците го потврдија присуството на метан на Марс

Повеќегодишното прашање дали на Марс има метан, конечно би можело да се одговори, бидејќи научниците го потврдија постоењето на овој гас на Црвената планета, како и тоа од каде истиот доаѓа.

Уште пред 15 години, европската сонда извести за траги од метан во атмосферата на Марс, но многу научници не беа сигурни дали тие податоци се точни, бидејќи метанот, барем на Земјата го произведуваат организми.

Доколку неговиот извор се микроорганизми, научниците може да набљудуваат и да откријат кој вид на жив организам постои на Марс, стои во извештајот објавен во магазинот Nature Gеoscience.

Сега, меѓународниот тим на научници ги споредил набљудувањата со две различни сонди кои податоците ги собрале во 2013 година со цел да пронајдат цврст доказ дека на Марс постои метан – пишува Phys.org.

Откриле дека изворот најверојатно е замрзнатиот метан под карпите во близина т.н. кратерот Гејл за кој долго време се смета дека е всушност исушено езерско корито. Сметаат дека таа ледена покривка понекогаш испушта метан во атмосферата.

“Ова е доста возбудлива тема која не ја очекувавме. Две целосно засебни истражувања посочуваат на исто подрачје кое би можело да биде извор на метан”, вели Марко Гиурана од Римскиот национален институт за астрофизика.

И додека метанот е знак на живот на Земјата, Гиурана вели дека неговото присуство на Марс не мора нужно да значи постоење на живот на Црвената планета.

“Метанот е важен бидејќи би можел да биде индикатор за микробиолошки живот. Одредени видови на микроби го користат метанот како извор на енергија. Меѓутоа, метанот може да с произведе и при абиотички процес”, вели Гиурана.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt