Научниците ја пронашле врската помеѓу спиењето и шизофренијата

Шизофренијата е ментално растројство, кое се карактеризира со дизинтеграција на мисловните процеси и на емотивната реакција. Таа најчесто се манифестира како аудитивни халуцинации, параноични или бизарни илузии или неповрзан говор и мислење, придружени со значителна социјална и професионална нарушеност.

Вообичаено, првите симптоми се јавуваат во почетокот на младоста, кои траат низ целиот живот од 0.3–0.7%. Дијагнозата се поставува врз основа на набљудување на однесувањето и искуството на пациентот.

Генетиката, опкружувањето во детството, биологијата на нервниот систем, психолошките и социјалните процеси се важни фактори за појава на шизофренија.Најновите истражувања се фокусираат на улогата на биологијата на нервниот систем, иако, досега не е пронајдена ниту една причина од органско потекло.

Една нова студија од Медицинскиот факултет при Универзитетот Мериленд (UM SOM) открива интригантна врска помеѓу спиењето, познанието и соединението наречено кинуренин. Овие врски може да го објаснат механизмот за појавата на когнитивните проблеми и да укажат на нови третмани со кои може да се намалат некои од симптомите на болеста.

Резултатите од ова истражување се објавени во магазинот Sleep. Ова е прва студија која детално ја објаснува врската помеѓу кинуренинот, неговата метаболитска кинуренска киселина, спиењето и сознавањето.

“Никој претходно не го истражувал односот помеѓу спиењето и кинуренинот. Ова истражување воспоставува јасна врска помеѓу зголемувањето на кинуренинот и проблемите со спиењето”, вели Ана Пучивавсек, доктор на науки, од UM SOM Maryland психијатрискиот центар за истражување и доцент на Одделот за психијатрија.

Кинурена киселина е невроактивен метаболит на кинуренин, кој се произведува во мозокот. Луѓето со шизофренија имаат покачено ниво на кинуренска киселина во мозокот. Научниците досега теоретизирале дека таквото покачено ниво може да биде поврзани со широк спектар на симптоми за болести, вклучувајќи проблеми со учењето и меморијата. Сепак, механизмите за појавата на когнитивно оштетување кај пациентите остануваат нејасни.

Во овој експеримент, научниците проучувале лабораториски глувци – го споредувале однесувањето на глувци со високо ниво на кинуренска киселина во мозокот со однесувањето на нормални лабораториски глувци. Тие го поврзувале нивниот мозок со уред кој го мерел квалитетот и времето на спиење и утврдиле дека животните со повисоко ниво на кинуринска киселина имале значително пократка РЕМ фаза на спиење.

“Почнавме да мислиме дека кинуренската киселина му смета на сонот, а потоа ја нарушува менталната состојба, но можеби и неквалитетниот сон го зголемува нивото на кинуренска киселина која доведува до когнитивни проблеми. Не е јасно што всушност прво се случува. Ова е доста интересно прашање кое сеуште го истражуваме”, вели д-р Почивавсек.

Оваа студија докажува дека високо ниво на кинуренска киселина придонесува за когнитивната дисфункција. “Ако успееме да најдеме начин за намалување на нивото, можеби ќе успееме да ги намалиме симптомите кај пациентите,” – вели д-р Поцивавсек

Поддржете ја нашата работа: