Научниците ќе ја ловат црната материја на дното на еден рудник за злато

Се смета дека црната материја е пет пати позастапена во Универзумот од обичната материја. Бидејќи многу слабо стапува во интеракција со други работи, како што се протоните и електроните што го сочинуваат сѐ она што е околу нас, сѐ до денес не сме успеале директно да ја детектираме.

Таа дури не реагира ни со светлината, па затоа и се нареува црна материја. Но, тоа не значи дека е невозможно да се детектира. Потрагата по црната материја може да се одвива на неколку начини.

Еден од тие начини е со помош на акцелераторите за високо енергетски честички, како што е Големиот хадронски судирач на ЦЕРН.

Може исто така да се бара во регионите во вселената каде црната материја ја има во  висока концентрација, како што е центарот на галаксиите, преку знаците што укажуваат на распаѓање на црната материја во обична.

И како за крај, може и директно да се бараат знаци за црната материја, преку изградба на високо сензитивни детектори со кои ќе може да се детектира кога честичките од црната материја ќе се судрат со честичките од обичната материја.

Во јануари 2017 година ќе започне изградбата на ваков детектор, еден километар под земја во рудникот за злато „Stawell“ во Викторија, Австралија.

Во светот се одвиваат неколку директни потраги по црната материја, но ова ќе биде прв експеримент од ваков вид на јужната хемисфера.

Причината зошто овие сензори се поставуваат длабоко под земја е да се спречи тие да бидат преплавени од непосакуваната бучава од космичките зраци – високоенергетските честички што постојано паѓаат на Земјата.

Досега има само едно тврдење за директна детекција на црната материја, од страна на експериментот „DAMA-LIBRA“, длабоко под земја во лабораторијата Гран Сасо во Италија.

Сепак, ова тврдење се чини дека е во спротивност со другите експерименти, што  користат различни материјали и методи, како што се експериментите „LUX“ и „XENON“, кои не успеале да детектираат знаци од црната материја, а се многу посензитивни.

the-large-hadron-collider-is-an-invaluable-instrument-at-cern-which-is-on-the-mission-to-find-evidence-of-dark-matterСе смета дека нашата спирална галаксија ротира во внатрешноста на огромно дифузно море од статична црна материја. Додека галаксијата ротира низ црната материја,Сонцето е под постојан „ветер“ од црна материја.

Бидејќи брзината на Земјата во однос на морето од црна материја околу нас се менува додека Земјата се врти околу Сонцето, ние очекуваме да видиме варијации на знаците од црната материја во текот на една година. Овие варијации се нарекуваат годишна модулација.

Ова е извештајот од „DAMA-LIBRA“. Со тоа што ќе се постави нов усовршен експеримент – кој е наречен „SABRE“, со детектори на двете хемисфери, би можеле да се исклучат сите можни сезонски ефекти кои може да изгледаат како годишна модулација.

Главната лаботарорија ќе биде сместена во 10-метри широк и 35-метри долг празен простор што ќе биде издлабен во карпа.

Ѕидовите од овој простор ќе бидат дополнително појачани со шипки кои навлегуваат длабоко во околните карпи, а потоа на нив ќе биде нанесен дебел слој од цемент, за поголема стабилност.

Ископувањето ќе започне на почетокот на 2017 година, а лабораторијата ќе биде изградена до средината на 2017. Јужната компонента на експериментот „SABRE“ ќе почне со работа кон крајот на 2017 година.

Се очекува лабораторијата да служи и за некои други експерименти во следните години, како од областа на нуклеарната физика, но и за проучување на биолошките видови во услови на екстремно ниска радијација.

Да се надеваме дека со овој екперимент конечно ќе се обезбеди јасен доказ за недофатливата црна материја.

Текстот е објавен во „The Conversation“.

Поддржете ја нашата работа: