Научниците конечно ги потврдиле проучувањата на Дарвин: Пајаците можат да летаат

Во октомври 1832 година, младиот природонаучник Чарлс Дарвин бил воодушевен гледајќи стотици мали пајаци кои висат кратки свилени конци на бродот HMS Beagle додека пловел кон Буенос Аирес.

Дарвин оценил дека пајаците прелетале најмалку 100 километри пред да стигнат на бродот. И додека им се воодушевувал, се прашувал како е воопшто можно тие да поминат толкава оддалеченост и така долго да останат во воздухот.

Некои научници велат дека најверојатно ветрот ги понел нивните свиленкасти нишки, а други верувале дека нишките се со електростатски набој, па така им овозможиле на пајаците да се движат на земјиното природно електрично поле, пишува Guardian.

Во новата студија, научниците од Универзитетот во Бристол, уште еднаш ја извагале оваа теорија и истражиле дали електростатичките сили се вклучени во она што познавачите на пајаци го викаат балонирање (техника со која пајаците се препуштаат на ветрот што ги носи на некои други места, каде потоа се населуваат). После низа експерименти направени врз пајаците во кафезот Фарадеј, тие заклучиле дека овие инсекти навистина летаат на електричните полиња.

Кога пајакот сака да летне, обично се качува на врвот на некоја билка, па малку чека, го фрла стомакот кон воздухот и брзо вади околу метро свилена нишка. Кај некои видови, инсектите вадат и повеќе нишки кои се шират како вентилатор. Во двата случаи, пајакот практично лета во воздухот.

Со цел да улови пајак за потребите на студијата, Ерика Морли од одделот за сензорна биофизика во Бристол, отишна на најблиското поле и поставила замки во облик на стапици со завртени боци на краевите. Потоа, во лаборатотија еден по еден пајак ги ставала во прозирна поликарбонатна кутија (20 волти на еден метар) која личи на кафезот на Фарадеј, што значи дека била изолирана од атвосферското електрично поле.

Кога електричното поле било исклучено, Морли установила дека пајаците неколку пати пробале да летаат, но кога полето било вклучено, пајаците навистина полетале. Откако се нашле во воздухот, нивната висина можела да се контролира.

Во понатамошните експерименти, Морли и Даниел Роберт, кој проучува како организмите ја чувствуваат својата околина, со помош на ласер откриле како влакненцата на пајаковите нозе се нишаат во присуство на електрично поле, па им помагаат на пајаците да го откријат полето.

Овие сознанија се објавени во списанието Current Biology.

 

Поддржете ја нашата работа: