Научниците објавиле дека за прв пат во Вселената откриле честичка која е наречена HeH+, која би можела да биде првата молекула формирана во Вселената,. За оваа молекула, научниците велат дека го означила “раѓањето на хемијата”.
Според универзално прифатената теорија, Вселената настанала пред 13,8 милијарди години при Големата експлозија. Бил исполнет со униформен гас, а го сочинувале лесни елементи како што се водород и хелиум. Според таа теорија, околу 100 000 години подоцна, кога температурите почнале да опаѓаат, молекулата HeH+ се формирала од атоми на хелиум и протон.
“Тој момент е прв чекор во долгата еволуција која траела милијарди години и на крајот создала молекула која е комплексна како што е ДНК”, објаснува Дејвид Нофелд од универзитетот Johns Hopkins во САД, ко-автор на студијата, објавена во списанието Nature.
Иако постоењето на молекулата HeH+ е демонстрирано во лабораторија уште во 1925 година, никогаш не била откриена во Вселената, и со текот на времето исчезната од нашето окружување, трансформирана во молекула на водород и атоми на хелиум.
“Пропустот на конечен доказ за нејзиното постоење во меѓуѕвездениот простор, пред астрономите оставаше вистинска дилема”, објаснува Ролф Гистен од институтот Maks Plank за радио астрономија во Германија, главен автор на студијата.
Молекулата конечно се појавила во младата планетарна маглина NGC 7027, чии услови се одраз на примитивната Вселена.
Молекулата е воочена од страна на SOFIA – Стратосферска опсерваторија за инфрацрвена астрономија (Stratospheric observatory for infrared astronomy), а станува збор за Boing 747 пренаменет во летечка опсерваторија.