Благодарение на карпите собрани за време на мисијата Аполо 14, истражувачите сметаат дека конечно ја одредиле точната возраст на Месечината, според што нашиот лунарен сосед е неверојатни 4,51 милијарда години стар.
Овие наоди укажуваат на тоа дека Месечината е формирана околу 60 милиони години откако се формирал Сончевиот систем, што ја прави 140 години постара од претходните проценки.
„Одредувањето на возраста на Месечината е од клучно значење за еволуцијата на Сончевиот систем и формирањето на карпестите планети, вклучувајќи ја и Земјата. Сепак, и покрај нејзината важност, возраста на Месечината никогаш не е точно утврдена“ – известуваат од тимот, предводен од Мелани Барбони од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.
За потсетување, се смета дека Месечината е формирана од остатоци од материјата која била исфрлена надвор од Земјата по судирот со „Theia“ – објект со големина на планета кој постоел во раниот Сончев Систем, или можеби еден збир на помали објекти.
Судирот кој ја создал Месечината би можел да биде доволно голем за да ги избрише сите живи суштества на Земјата, па знаејќи кога се случил е важно за да ја разбереме еволуцијата на нашата планета, како и кога започнал раниот живот на неа.
Новите истражувања покажуваат дека тоа се случило порано во временската линија на Сончевиот систем отколку што мислевме, само 60 милиони години по раѓањето на нашиот ѕвезден систем, во споредба со претходните проценки од 150 до 200 милиони години потоа.
За да дојдат до оваа нова проценка на возраста на Месечината, тимот анализиралкарпи од Месечината земени од површината за време на мисијата Аполо 14.
Причината поради која не сме биле во можност да ја одредиме точната возраст на Месечината во минатото е тоа што има многу малку добро зачувани карпи останати на површината на Месечината.
Повеќето од камењата донесени од астронаутите на Аполо се бреча– мешавина од различни карпи кои се споиле со ударите на метеоритите кои ја напаѓале Месечината, благодарение на недостатокот на атмосферата.
Па, наместо да се обидуваат да најдат делови од карпа кои биле таму уште од раните денови, тимот се префрлил на циркон – минерал кој би се формирал кога Месечината се ладела од својата свежа, стопена состојба во карпестиот сателитет кој го гледаме денес.
Кога еднаш ќе се формираат, кристалите на циркон остануваат совршено недопрени. Проучувањето на цирконот им овозможува на истражувачите да видат кога деловите од карпата се зацврстиле, што е точно она што им е потребно за да дознаат кога Месечината целосно се формирала.
Тимот извршил процес на примероците на циркон кои биле извлечени од карпите од Аполо 14, кој вклучувал растопување на примероците во киселина.
Внатре во цирконот, тимот бил во можност да извлече четири различни елементи: ураниум, олово, лутециум и хафниум.
Бидејќи ураниумот (радиоактивен елемент) на крај се претвора во олово по подолг период на време, истражувачите може да анализираат колку долго оловото се формирало, давајќи им точен датум на раѓањето на Месечината.
Количината на лутециум и хафниум во цирконот исто така, покажува колку долго постоел минералот.
Со комбинирање на овие аналитички техники, тимот открил дека Месечината е 4,51 милијарди години стара, обезбедувајќи ни појасна силика за тоа како бил формиран нашиот Сончев систем.
„Еволуцијата на Земјата можело да започне само по овој удар. Затоа е толку важно да се датира ударот, за да знаеме кога Земјата почнала да се развива во оваа прекрасна планета што ја знаеме денес“- велат истражувачите.
Се надеваме како што овие мерења стануваат се попрецизни и попрецизни, дека ќе дознаеме во целост како се формирала Месечината и остатокот од Сончевиот систем, што ќе ни овозможи и повеќе детали за животот на Земјата, како и можноста за живот на другите планети.
Студијата е објавена во „ Science Advances“.