Веќе подолго време знаеме дека марихуаната и нејзината активна состојка тетрахидроканабинол (ТХЦ), може да има терапевтски ефект. Но, иако ТХЦ и неговата поврзана молекула канабиноид може да помогне при олеснување на болките грчеви во мускулите, исто така оставаат и нус појави како анксиозност и гадење.
Мешутоа, кога истражувачите би можеле подобро да разберат како молекулата делува во интеракција со рецепторот, би можело да се развие соедиинение кое предизвикува неколку од поволните ефекти на марихуаната, а да ги минимизира негативните.
Со цел да се испитаат таквите можности, објавена е нова студија во списанието Nature, во која е користена кристалографија за емитирање на рецептор за кој се врзуваат канабиоидните молекули. На овој начин, тимот тврди дека нашето почетно разбирање за тие канабиноидни рецептори, познати како CB1, било погрешно, и дека рецепторите се далеку пофлексибилни отколку што се мислеше претходно.
Долго се мислеше дека канабиноидните рецептори и ТХЦ функционираат како брава и клуч, каде ТХЦ молекулите се клуч кој одговара во протеините на површината на клетките кои делуваат како брава. Меѓутоа, оваа најнова студија успеала да ги декодира CB1 рецепторите многу подетално од било кога порано, и тврди дека таквото мислење не е точно.
Тимот открил дека рецепторите се состојат од седум структури кои се направени од виткање на аминокиселините, и кога молекулата се става на местото каде се врзува, рецепторот физички го менува својот облик со цел да ја прифати. Способноста на рецепторите да ја менуваат својата структура е добро позната, но ова е прв пат тоа да е докажано за оние кои го врзуваат ТХЦ со други сродни молекули.
Се смета дека оваа голема флексибилност на CB1 рецепторот може да се искористи. Ако рецепторот може да се прошири и витка за да прифати повеќе молекули, тогаш може и да се создадат нови молекули кои може да реплицираат некои од ефектите на ТХЦ, како што е гадењето, но и да се избегнат некои други, како анксиозноста и зависноста.