Првиот откриен меѓуѕвезден посетител на нашиот Сончев систем е завиткан во слој од органска материја, тврдат научниците.
Oumuamua ги фасцинира научниците, уште откако за прв пат беше забележан во нашиот Сончев систем во октомври оваа година. Како прв забележан објект кој помина покрај нас од друга ѕвезда, веднаш се препознава како нешто невообичаено, но колку повеќе знаеме за него, толку повеќе ни е јасно дека е нешто чудно, пишува “Independent”.
Многу малку знаеме шо всушност е Oumuamua, од каде доаѓа и од што се состои. Научниците имаа релативно малку време за да го проучат објектот додека поминуваше покрај нашиот Сончев систем, а сега продолжуваат да ги анализираат податоците кои се собрани.
Пред доаѓањето на Oumuamua, научниците сметаа дека ваквите посетители ќе изгледаат повеќе како комети кои летаат околу нашиот Сончев систем. Таквите објекти би биле сочинети од мраз кој позади себе ќе остави траги кога ќе поминуваат покрај ѕвездите. Проучувајќи ги собраните податоци, научниците заклучиле дека сепак се работи за студено тело, но е обвиткано со органска материја која ја штити смрзнатата вода од сончевите зраци.
“На крајот, ова беше сепак добар резултат затоа што цело време очекувавме дека повеќето од објектите кои ќе го посетуваат нашиот сончев систем да бидат замрзнати тела“, вели Алан Фицисимонс од Универзитет во Белфаст и водечки автор на една од двете големи студии за Оумуамуи.
“Она што нас не збуни беше фактот дека тоа нешто личеше на карпа. Нашата студија вели дека објектот може да биде природно замрзнато тело, но ние не детектиравме мраз воопшто, што се должи на фактот дека стотици милиони години печело енергетско зрачење помеѓу ѕвездите”.
Но, не е сигурно дека Омуамуа е составена од мраз, бидејќи заклучокот на трудот на професорот Фицсимонс говори само дека оваа можност не може да се отфрли. Но, тоа е така само бидејќи објектот е прекриен со необична органска прекривка, а научниците можат да го видат само најтенкиот надворешен слој кој е проучуван со помош на спектроскопија.
“Набљудувајќи ја ситуацијата, сфативме дека околу објектот природно се формира тврда кора“, вели професорот Фицсимонс. “Откривме дека оваа кора треба да го изолира мразот кој е внатре, за објектот да не ја изгуби својата форма”.
“Сакаме да дадеме предупредување за во иднина. Повеќе време значи и повеќе собрани податоци од кои ќе разбереме што точно ќе научиме”, додава проф. Фицсимонс.